Зошто и колку млекото е потребно и корисно за различни возрасти

Добивај вести на Viber

Клучот за здрава исхрана е да се внесува урамнотежена исхрана, затоа што секој вид храна има единствена мешавина од хранливи материи. Балансираното дневно мени треба да содржи макронутриенти (јаглени хидрати, протеини и маснотии) и микроелементи (витамини и минерали), чија посебна функција е и зајакнување на организмот за полесна одбрана од вируси, болести, настинки.

Урамнотежената исхрана со сите видови храна е потребна како за децата така и за возрасните - зеленчук и овошје, производи од цели зрна и протеинска храна. Секојдневно треба да се внесува комбинација од неколку житарки, различни видови зеленчук и овошје, протеини, растителни и животински и млеко и млечни производи.

Улогата на млечните производи како дел од секојдневната избалансирана исхрана е важна затоа што млекото е носител на состојки клучни за здравјето на организмот. Како богат извор на калциум, содржи најсоодветен однос со фосфорот што овозможува висок процент на искористеност. Ниту една друга храна, дури и со поголема содржина на калциум, не го снабдува организмот полесно и повеќе со овој минерал. Калциумот е еден од минералите без кои човечкото тело не може да функционира нормално и скоро секоја клетка во телото го користи за некој процес. Важен е за осификација на коските и формирање на заби, заедно со витаминот Д. Затоа, за децата се посебно неопходни млекото и млечните производи, додека пак кај повозрасните спречуваат спонтани фрактури на коските и брзо и правилно заздравување на коските по фрактури. Калциумот помага да се пренесат „пораки“ од кој било нерв до мозокот а се користи и во третман и превенција на артритис, хипогликемија, болки и грчеви во мускулите и зглобовите, честите напади на паника и предменструален синдром. 

Внесување доволна количина калциум е потребна во текот на целиот живот. Истражувањата покажуваат дека само една чаша млеко обезбедува 16 проценти од дневната доза протеини кои го градат и обновуваат мускулното ткиво. На пример, на дете над една година му требаат околу 500 мг калциум секој ден, а над пет години потребно е 700 мг на ден. Во пубертетот се гради максимална коскена маса. Оваа возраст е клучна бидејќи, ако телото секогаш ги има потребните резерви на калциум, има помалку шанси подоцна да се развие остеопорозата. На адолесцентите на возраст од 12-18 години им е потребна дневна доза од дури 1300 мг калциум. Од 20-та година до средната возраст, потребно е да се одржи коскената маса со консумирање околу 1000 мг калциум на ден. Кога се јавува старост, скелетот губи калциум. Овој процес не може да се врати, туку само се забавува со правилна исхрана. За оние кои страдаат од остеопороза потребен е дневен внес на околу 1500 мг калциум.

Максималната искористеност на калциумот од млекото ја овозможува витаминот Д3, односно овозможува тој полесно да се апсорбира во коските. А заради зголемената потреба од дополнително внесување витамини и минерали се препорачуваат млека со збогатен витамински состав, како што е Битолското млеко со 10 витамини, така што со консумирање на ова млеко, покрај основните нутритивни состојки се внесуваат уште и 10 неопходни витамини како Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3. Многу од овие витамини не се дел од многу состојки во дневното мени а се од исклучителна важност за правилно функционирање на човечкиот организам.


ПР објава