Зошто импозантниот проект NBO во кој свират и Македонци извиси од Охридско лето?
Големиот проект на оркестарот No Borders Orchestra кој брои над 20 врвни музичари од регионот, во кој свират македонски инструменталисти, а во чија програма има и музика од македонската композиторка Дарија Андовска, годинава нема да настапи на реномираниот фестивал Охридско лето пред македонската публика.
Предводниците на NBO тврдат дека станува збор за непринципиелен однос од страна на организаторите на Охридско лето, па дури и личен аномизитет кон композиторката Андовска, која пак е позната по своите критички ставови кои редовно ги објавува.
„Разочарувачки е што во земја која, барем декларативно, има проевропски аспирации, односот кон проект со толкав габарит и носител на европски вредности е малодушен и безмалку маалски- фестивал кој со децении гради светско реноме, поради некоректен однос и интриги, во очите на регионалната и европската културна јавност се доведе до ниво на гранапче во приватна сопственост. За мене, како македонска композиторка, поразително е што токму дома, во Македонија, не сум пожелна, иако мојата биографија зборува доволно за тоа како сум третирана на светските сцени. Првпат и единствено во Македонија се бара од програмата да биде отстранета мојата композиција поради личен и неоснован антагонизам, што е повеќе од скандалозно“ вели Андовска.
Целата објава ја имате на ФАКТОР.МК