Зошто на трудниците им се јавува линијата на стомакот која Ријана гордо ја истакнува

Добивај вести на Viber

Ријана ја следат медиумите насекаде, а таа не се плаши да го покаже трудничкиот стомак - ниту пак линијата на него.

Бременоста со себе носи различни промени, а она што можеме да го забележиме е дека многу труднички стомаци добиваат по една линија која поминува на средина. Зошто?

Linea negra или трудничката линија е всушност присутна цело време, само што станува видлива само во бременоста.

View this post on Instagram

A post shared by (@rihannaofficilal)



Што точно претставува трудничката линија?

Линијата што се наоѓа на стомакот и се протега вертикално низ стомакот е всушност линијата што ги поврзува стомачните мускули. Позната е како Linea albе, што во превод од латински значи бела линија.

Како што сте бремени и како што расте бебето, а и стомакот заедно со него, доаѓа до расетегнување на линијата алба, која потоа станува потемна и го добива името Linea negra - што значи црна линија. За време на блажената состојба, женското тело произведува повеќе естроген, односно телото почнува да лачи повеќе меланин, што ја затемнува оваа линија.

Најчесто се појавува во вториот триместар, но тоа не значи дека не може да се појави порано.

Не може да се спречи, тоа е природна појава во бременоста, а по раѓањето на бебето избледува и исчезнува.

View this post on Instagram

A post shared by (@rihannaofficilal)



Што ако ја немате оваа линија

Ако оваа линија не ви се појави - тоа не значи ништо лошо. Важно е што оваа линија не е штетна за здравјето на бебето или трудницата и не претставува никаква основа за предвидување здрава (или нездрава) бременост.