Зошто не треба фотографиите од починатите да ги чуваме дома: Причината ќе ве остави без зборови

Кој не чува фотографии од починати роднини или пријатели во домот? Сите ги имаме. Се прашуваме, што е проблемот во тоа? Во принцип, можете да ги чувате во куќата, но, како што советува порталот holahola.cc, само ако следите одредени правила.

Сликите на починатиот, сакале или не, се поврзани со светот на мртвите. Ако некое лице починало, сликите сепак го одржуваат поврзан со светот на живите. Поради оваа причина, тие советуваат да ги следат следниве правила:

1. Сликите на починатиот не смеат да висат на ѕид, да бидат во рамка или на маса. Значи, тие не смеат да бидат на видик.

Се верува дека ако овој совет се игнорира, сликата ја зема енергијата на живите луѓе. Ако фотографиите се чуваат во албум, а повремено ги гледате со носталгија, сè ќе биде во ред. Меѓутоа, ако се постојано на видно место, наводно може да предизвикаат постепено влошување на вашата физичка и емоционална состојба.

2. Фотографиите на мртвите треба да се чуваат одделно од фотографиите на живите. 

Одделете посебен албум за слики на починатите, каде што исто така ќе чувате слики каде се измешани живите и мртвите.

Некои дури препорачуваат да се сечат такви слики, со цел да се оддели енергијата на живите од енергијата на мртвите. Исто така, сликите на починатиот треба да се чуваат во црни албуми или во црна торба. Овој портал исто така советува сликите на мртвите да се гледаат само во деновите издвоени за комеморација на починатите.

Што мислите за овие причини? Дали верувате во тоа?

Izvor: stil.kurir.rs

Foto: novi.ba