Значењето на протеините во регулирањето на телесната тежина
Протеините се есенцијални елементи (како водата) и претставуваат основни градежни блокови за функционирање на нашето тело, односно протеините се неопходни за здравјето. Тие претставуваат суштински дел од здравата и урамнотежена исхрана. Протеините се од големо значење за обновување на сите ткива, вклучувајќи ги органите и мускулите, но освен одржувањето на мускулното ткиво, имаат и други ефекти врз организмот и телото. Тие го спречуваат згрутчувањето на крвта, го помагаат варењето и поефикасното пренесување на кислородот до клетките, влијаат на растот на косата и ноктите. Протеините се исто така одговорни за правилно варење и добар имунолошки систем.
Како такви, протеините имаат значајна улога и влијание и во регулирањето на телесната тежина и тоа на неколку начини. Прво, нивната хранливост заситува и со тоа го намалува апетитот. Уште и го забрзуваат метаболизмот. Оваа функција е поврзана и обработка на храната. Протеините помагаат во намалување на телесната тежина така што ги црпат калориите потребни за дигестија на храната, односно за обработка на протеините потребни се најмногу калории.
Со ваквите функции протеините можеби се суштински нутриенти кои треба да се внесуваат при слабеење или регулирање на телесната тежина.
Токму таков оброк е Имлек протеин пудинг, како вкусна и хранлива опција за сите оние кои се грижат за своето здравје, физичка кондиција и изгледот.
Имено млечните производи се важни извори на протеини, како и витамини, есенцијални минерали и калциум. Високиот квалитет на млечните протеини е одличен за урамнотежена исхрана.
Затоа секогаш кога мислите дека во вашата исхрана недостасуваат протеини и никогаш не успевате да внесете доволно количество протеини во секој оброк, доволно е да земете само едно пакување Имлек протеин пудинг, бидејќи овој квалитетен додаток на храната ќе придонесе за балансирање на вашата дневна исхрана и ќе ги поттикнете сите процеси со кои се регулира тежината.