Зошто сите зборуваат за Божо Вречо и неговиот фустан: Позади раскошната креација стои убава приказна (ФОТО)

фото:instagram

Босанско-херцеговскиот пејач Божо Вречо се појави на отворањето на Сараевскиот филмски фестивал, на црвениот тепих, во прекрасна креација која привлече многу погледи.

Познат по ексцентричниот стил, овојпат носеше гламурозен тул фустан со отворен грб, имаше црн турбан на главата, па дури и неговата шминка не остана незабележана. Тој подготвено позираше за собраните фотографи.


По неговото појавување следеше серија комплименти за изгледот и храброста на Божо, на Инстаграм.

„Каква дива. Секој ваш настап на овој фестивал е уметничка приказна со длабока порака “,„ Најубав и најхрабр“,„ Го освои црвениот тепих “,„ Каква легенда “,„ Совршенство “, се само некои од многуте коментари.


Божо им се заблагодари на своите следбеници за нивните прекрасни зборови и откри:

„Ви благодарам за сите комплименти синоќа. Фустанот е, како и досега, мој дизајн и мило ми е што ви се допадна толку многу. Секоја година, за Фестивалот правам специјална креација, а она што е најважно е дека секој од тие фустани е продаден и парите се донирани во хуманитарни цели, така што истото ќе биде и оваа година со фустанот “, рече музичарот.


Повеќе за него и неговата животна приказна, читајте ОВДЕ:

Мајка му е болна, на 5 години го загуби таткото: Поради неа, можам да бидам и момче и жена


извор:zenskikutak.rs