Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Катерина Шехтанска: Децата и сопругот се мојата преокупација во моментов
Првото утринско кафе за време на работната недела го пијам сама, Филип и Клеоника ги носам во уцилиште, сопругот Боби си се спрема за на работа и откако ќе излезат тие, почнува мојот ритуал на седење дома: -((((
Денот обично ми започнува со обврските кон децата (исто како и што завршува), подговување и носење во уцилиште, кога се двајцата иста смена, зошто Филип е седмо одделение и е во две смени, додека Клеоника е трето одделение и сеуште е целодневна.
Ме мотивира самата помисла дека имам семејство, деца кои допрва треба да ги изведеме на прав пат. Ме мотивира идејата дека живееме во едно ненормално општество, изопачен систем и вредности од каде треба дефинитивно да се најде излез (а очигледно не може) или да се најде виза за надвор. Ги мотивирам, ги учам, ги воспитувам да бидат успешни, да бидат пред сѐ луѓе, да ги почитуваат основните вредности, на морал, на почитување, а со самото тоа што треба нив да ги мотивирам, се мотивирам и јас самата.
Денот ми е исполнет пред сѐ со нивните обврски. Јас освен оние во домот и семејството други немам (ми ги одзедоа усте многу поодамна).
Ама сепак не се жаллам, се борам, мрчам, не молчам и гледам семејството да опстане покрај сите премрежја што се нудат на дневно ниво, а не па на подолги патеки:))
Сепак завршува исто како и што започнува. Со завшување на нивните активности завршува и делот на разнесување и чекање:) Филип иде секојдневно на кошарка, тренира во ПАРТИЗАН ВОДНО САНС, некогаш и по два тренинга дневно.
Клеоника оди на ракомет и се молиме за на балет. Некако тешко, ама тешко не успевам.
Боби си се враќа од работа и по дома повторно „журка „од обврски.
Откако ќе заврши сѐ, и активности и пишување домашни, и поминување на изучени лекции, јас здробена ги терам на легнување и пробувам да се опуштам, откако ќе заспијат, гледајци некој филм со сопругот или со некоја дискусија за која можеби ќе биде потребна и некоја книга... Хахаха. (ама вистина е)
Сѐ на сѐ, обичен ден на една уморна мајка со секојдневно домашни обврски, работно неспособна (иако со две дипломи) и сепак гледајќи од страна, бидејќи не одам на работа, не сум ни уморна (жити мајка), молам бога да почнам да работам да одморам малку:)))))
И така. Се во круг, задоволството на квадрат:))) ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ИЗЛЕЗ ОД ОВОЈ НАМЕТНАТ ВЕШТАЧКИ КРУГ.