Кога се работи за допишување преку телефон, на пример WhatsApp, доволен е некој збор или смајли, а понекогаш дури и безначаен интерпункциски знак, како комуникацијата со нашиот партнер би станала напната. Тоа сигурно ви се случило неколкупати, зарем не? Имено, додека се допишуваме, никогаш не можеме да знаеме како тој на кому му е наменета пораката, ќе сфати што сме напишале и дали ќе разбере што навистина сакавме да кажеме. Како би ги избегнале недоразбирањата, не би требало да му праќате на партнерот вакви пораки:
Долги пораки кои ја поттикнуваат караницата
Лута си му и сакаш да се „издуваш“ со долги „хејтерски“ пораки преку WhatsApp или Фејсбук чет? Подобро немој! Караниците секогаш мора да ги решите лице в лице. Ако разменувате пораки во стилот на партија пинг-понг, лутината и гневот само повеќе ќе растат.
Пораки полни сарказам
Да, сарказмот е забавен! За жал, во размена на пораки по пат на некоја социјална мрежа тешко е да се каже дали оној за кој е наменета пораката, добро ќе разбере што сакал да каже поетот. Посебно ако не сте долго време во врска, безвредна иронична забелешка може да биде погрешно разбрана.
Супер кратки пораки
„ОК“, „Како сака“, или „Ќе видиме“ – кратки одговори кај оној кој ја прима пораката предизвикуваат несигурност и збунетост. Ќе се прашува дали нешто погрешно направил. Ако тоа навистина е случај, тогаш тоа мора лично да му го кажеш. Не е добро да го збунуваш со кратки пасивно-агресивни пораки.