Има денови кога не ми се јаде месо и затоа си правиме најразлични плескавици од зеленчук. Овие ни се едни од омилените. И секако погодни се за целото семејство.
Потребни состојки:
300 гр. Тиквички
1 Морков
1 Кромид
1 Чешне лук
1 лажица мајчина душица
Кора од 1 лимон.
2 лажици овес (мелен)
1 јајце
1 лажица хумус
Сол и бибер
Прво изрендајте ги тиквичките и оставете ги во цедалка да се цедат. Во сад ситно изрендајте ги морковот, кромидот и лукот и додадете ги зачините. Потоа додадете ги тиквичките (убаво истискајт е, да нема вода во нив), јајцето, зачините, овесот и кората од еден лимон.
Измешајте да добиете леплива хомогена смеса. Формирајте плескавички и печете на тефлон тавче со неколку капки маслиново или кокосово за готвење.
Bon appetit
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ