,

ВИДЕО РЕЦЕПТ: Брзи и лесни новогодишни колачи-чоколадни куглици

Добивај вести на Viber

Празниците ни тропаат на врата, а кога дојдат на ниту една трпеза не смее да недостигаат фини колачи и торти. Но пред да настапи божиќниот период на дружење со пријателите и најдрагите за секоја домаќинка секогаш постои голема дилема - што да направи, а домашните да бидат повторно воодушевени. Добрите идеи не доаѓаат секогаш лесно, но затоа ние ги имаме и ги споделуваме со вас. Денеска ви предлагаме да направите Чоколадни куглици. Ако барате фин десерт кој може да го направите без печење и за само 40 минути, ова е вистински рецепт за вас. Идеален е кога барате брз и едноставен рецепт за ефективен десерт, но и како еден од мноштвото колачи кои обично ги правиме за божиќната трпеза или разни други свечени пригоди. Кога потрошиме драгоцено време на разни торти и колачи Чоколадните куглици тогаш може да бидат оној трет или четврт десерт со кој дополнително ќе ја збогатиме масата со релативно малку труд. Токму затоа ова се совршени божиќни колачи кои совршено ќе се вклопат на секоја трпеза. Ова е многупати проверен десерт без грешки кој лесно ќе го направите без разлика на искуството во кујната. Еве го рецептот Состојки: 200 гр шеќер во прав • 200 гр путер • 300 гр бисквити • 100 гр темно чоколадо • 200 гр кокосово брашно • 1 dl млеко За декорација: • 70 гр кокосово брашно Упатство: -Во блендер смелете ги бисквитите -Во сад на шпорет загрејте го млекото, стопете го по ред шеќерот, путерот и чоколадото -Добро измешајте -Во топлата смеса додајте ги мелените бисквити и промешајте. -Во смесата додајте го кокосовото брашно и добро соединете ја целата смеса -Оставете ја смесата на студено 10 минути. -Правете топчиња и тркалајте ги во кокосово брашно. -Куглиците ставајте ги во украсни кошнички. -Изладете барем три часа пред послужување. https://www.youtube.com/watch?time_continue=19&v=xtRkC5NH2BE