Изострено перо // Викенд интермецо
ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?
Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов.
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле.Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов.
„Што до тогаш“ (Дани Димитровска)
Промоцијата на овој рефрен се случи во 2007 година. Текстот и музиката се на Весна Малинова Бабамова која сè уште е најблиската соработничка на Дани. Аранжманот е на Дарко Тасев, а продукцијата е работена во Канада, дело на Давор Јордановски. Спотот за оваа тема беше еден од најемитуваните таа година на регионалниот музички канал „Ем Ти Ви Адриа“. Во едно интервју популарната пејачка раскажа дека во било која фаза од нејзината кариера би снимила песна каква што е „Што до тогаш“ без воопшто да размислува.
- Ако внимателно ја слушате, во целиот хаос од брз ритам, дурски позитивни акорди, весели стихови и насмеан глас, ќе откриете длабоко меланхолична зрела порака која ја опишува суштината на животот – изјави таа.