Новата Geox линија на јакни нуди модели во урбан и спортски стил, кои несомнено се тренди и совршено го рефлектираат ритамот на модерниот свет.
Комбинацијата на технологија и изглед со уникатниот италијанскиот дизајн се стреми да постигне апсолутни перформанси и благосостојба, притоа нудејќи разновидност и женствена прецизност, дизајн кој ќе го подобри квалитетот на животот и кој одговара на секојдневните комбинации.
[gallery size="full" ids="4164,4165,4166"]
Колекцијата се заснова на секојдневната формалност во релаксирана и урбана средина, со смела иновација во користењето на материјалите, боите и опипливите ефекти. Палетата на бои нуди неутрални и ладни нијанси, прошарани со бежови и шеќерни тонови. Лесни и меки на допир, јакни со практичен и есенцијален дизајн со карактеристични детали како големи крагни, металик додатоци и качулки од вештачко крзно кои сочинуваат префинет микс. Материјалите на спортските дизајни го подобруваат моделот со вметнување на волна и фланел мешавина во внатрешноста на парчето и на надворешните детали од поставените јакни.
[gallery size="full" ids="4167,4169,4170,4171,4172,4173"]
Лежерната колекцијата црпи инспирација од природата, пејзажите, реинтерпретирајќи ги типичните карактеристики кои треба да ги содржи надворешната облека во високофункционален и софистициран концепт на удобност. Колор палетата се концентира околу боите на шумите и дрвјата, со нијанси на зелено, сино и „каки“. Парките со „прашест ефект“ имаат иновативна топлинска постава и се надополнети со меки качулки од вештачко крзно.
[gallery size="full" ids="4174,4175,4176,4177,4178,4179,4180,4181,4182"]
Во лежерната линија, модните трендови се среќаваат со вредностите на заштита, удобност и слобода во движењето кои ќе го олеснат соочување со зимската сезона која следи. Женственоста и технологијата се спојуваат во иновативни комбинации на ткаенини и специјални финиши, парчиња со ватирана постава и високи перформанси. Јакните се поставени со пердуви и разубавени со сјајни додатоци и вештачки крзнени крагни кои дополнително ќе ве заштитат и затоплат. Колор палетата содржи интензивни нијанси на црна, сива и црвена.
[gallery size="full" ids="4183,4184,4185,4186,4187,4188,4189,4190,4191"]
Технолошката извноредност на GEOX се пренесува во целост со NEBULA проектот кој ни претставува нови дизајни за постудените месеци: јакната е изработена со ексклузивна еластична ткаенина со еко-ватираност, интегрирана со револуционерниот 3Д систем на „дишење“, дизајниран да осигура највисоки стандарди на удобност и природна вентилација.
[gallery size="full" ids="4192,4193,4194,4195,4196,4197,4198,4199,4200,4201"]
Долгата парка и кратката „бомбер“ јакна се со чисти линии, изразувајќи техничка супериорност преку динамичниот, практичен и современ стил – идеален за секоја пригода во денот.