,

(ГАЛЕРИЈА) Креирајте шик изглед со помош на неколку модни додатоци

Добивај вести на Viber

Добро е познато дека уличната мода на ѕвездите може да го спои неспоивото и да претстават трендови на неочекувани начини. Тие се вистинска инспирација кога сакаме да изгледаме модерно, а воедно и единствено. Иако некогаш е тешко да се „декодираат“ , постојат парчиња кои сeкоја тренди стрит ѕвезда ги има во својата гардероба. Некои од нив се безвремени, а некои само „продолжение“ на претходните трендови. Суштината е во тоа секој да може да го зацврсти својот „street style look“ ако е свесен за важноста на тие детали и начини на кои можете да ги носите. На прво место се наоѓа „стејтмент капут“. Како ланската годинани донесе максимализам во полно светло, оваа година исто така ќе се смета за еден од најголемите трендови. Покрај неизбежните модели во беж и неутрални бои, во 2018 е важно да имате капут кој целото внимание ќе го насочи на вас. Дали ќе изберете модел во вибратна нијанса или со интересен дезен-на вас е да одлучите.  Можете да го носите со винтаж фармерки и високи потпетици, но и со гламурозни вечерни фустани. Не морате неопходно да ги следите поставените правила туку поставете свои. Покрај капути, на листата се наоѓаат и гломазните џемпери без кои не можеме едноставно во текот на студената сезона, потоа истите шалови, чизми над колена, тексас комбинации... Ѕирнете во галеријата и дознајте на кои парчиња треба да посветите внимание, но и како да ги носите.