ГАЛЕРИЈА: Модна ревија „ВКЛУЧИ СЕ #СоСрцеЗаСекојаЕдна“ 

Добивај вести на Viber

Во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против родовото базирано семејно насилство“, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје организираше Модна ревија со овогодишното мото за Република Македонија „ВКЛУЧИ СЕ #СоСрцеЗаСекојаЕдна“ во Кино Култура. Модната ревија не беше нималку иста/слична како „вообичаените“ модни ревии–манекенки/модели беа жените-хероини од нашето секојдневие кои самите упатија пораки до целата јавност. Мерсиха-правничка/активистка со својата препознатлива марама-хиџаб, Љуљета Адеми толкувачка и заедно со своето помагало „штака“, Билјана-„штипјанка“ и во осмиот месец на бременоста, Михаела Иванова-најмладата советничка во Советот на Град Скопје, баба Веска-поранешна дадилка која и ден-денес е во контакт со децата од нејзиниот работен век, Нита-ќерка на просветна работничка и активна во полето на едукација на младите, Вики-воспитувачка во градинка и мајка на четири деца, Гага - економистка и uber-срамежлива, Дороти-самохрана мајка и уметница, Билјана-стоматолог и со желба нејзините два сина да станат феминисти, Ана-новинарка и волонтерка во Специјална Олимпијада Македонија, Ивана-ќерка на текстилна работничка од Кочани, Билјана-самохрана мајка феминистка, Маја-заштитно име на ALSHAR и љубителка на чоколади, Сани-модна новинарка и имиџ консултантка и Сара-политиколог и феминистка продефилираа со своите пораки презентирани преку нивните „мерки“. „Мерките“ не беа нивните физички мерки туку мерки за намалување на родовата нееднаквост и намалување на семејното насилство кои беа презентирани преку видео објави на големото платно во Кино Култура. Преку говорнички како Ленче Ристоска (СЈО), Маргарита Иванова (ЗОНТА), Ана Василева (Бори се ЖЕНСКИ), Уранија Пировска (Хелсиншки Комитет) и Луиза Винтон (Високата претставничка на UN/UNDP) се пренесоа пораки за заедништво, борба за родова еднаквост и искоренување на родово базираното семејно насилство во Македонија. Милан Живковиќ од Фондацијата Фридрих Еберт најави дека ваквото субверзивно користење на настани кои вообичаено се поврзани со објектификација на жената како предмет ќе продолжи и во иднина сè додека не се воспостави вистинско родово општество во Република Македонија. Секоја од жените-хероини носеше креација од брендот ALSHAR by Silvija Mihajlovska.