,

(ГАЛЕРИЈА) Патувајте со ултра модерен багаж

Добивај вести на Viber

Да патува секој посакува, и не е важно каде поточно, заминувањето на пат буди посебна хемија во човековиот ум. Светот е едно големо глобално село, често ќе слушнете, а средбата со дамнешен пријател на некои од светските аеродроми е вистински показател колку еден човек е всушност богат. Патувањето ве прави побогати на секое поле, спознавањето со било која светска култура е само дополнување на позитивните карактеристики во вашето лично резиме. Да се биде космополит, а сепак да се чувствувате како локалец во Италија, Барселона, Њујорк, Аруба или било каде низ светот е личен успех и задоволство на боемските апетити на едно човечко битие. Живеејќи во 21-от век, патувањето е полесно од кога и да е, а прелетувањето на небото и океанските површини се станати дел од секојдневието. Лично, доста често патувам и секојпат на новата дестинација се радувам повеќе од било што, сонувајќи со очи широко отворени и инспиративни идеи кои навираат за следните добри фотки. Срeќавањето со новиот град и хоризонт буди пеперутки исто како и кога сме на прв состанок со симпатијата кој подолго време ни се допаѓа. Авионите се мојот симбол на лична слобода и игра без граница, стих од песната ,, Немирна од Тамара Тодевска: ,, И мене лесно ми е се и да чекорам по вода, да го допрам Сонцето и низ пустини да одам, додека аеродромите се мојата омилена станица за новата дестинација, а средбите со пријателите од различни земји низ светот, го буди космополитот во мене. Пакувањето најчесто ни е најмaчно кога станува збор за нова дестинација, но секоја дама сака да изгледа средено и модерно при патување, бидејќи аеродромите се исто така едно големо модно шоу сами по себе. Големите модни куќи одамна во своите колекции внесоа и модерни багажи, кој не само што се симпатични и дел од личниот стил на една дама, често знаат да бидат и модна инспирација за добра фотка на Инстаграм. За вас, ги одвоивме нашите фаворити на модерни багажи кои покрај тоа што ќе ве освојат со своите шари, ништо чудно и да Ви ја разбудат желбата за патување! За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/