,

(ГАЛЕРИЈА) РЕЦЕПТ: Научете како да направите глазура за „стаклени“ колачи и торти

Добивај вести на Viber

Овие десерти со сјај, кои просто воодушевуваат и во кои може да се огледате изгледаат како да се направени само за презентација во излог, но зошто да не научите да правите едно такво чудо во својата кујна, за своето семејство? Олга е руска слаткарка која ги прави овие слатки десерти и е позната под името на Инстаграм "olganoskovaa", каде ги постира сликите од своите ремек дела. Меѓу фотките може да се најдат торти, крофни, колачи и многу други слатки и можеме да кажеме дека нивниот изглед е најубава направена слатка работа на светот. Во една рака ќе посакате да ги изедете сите тие слатки, додека во друга ќе бидете лути на себе бидејќи не знаете да ги направите. Епа, дојде време и вие да ги правите овие совршени колачи, дознајте како! Состојки: -20 г желатин -120 мл вода -300 г глукоза 300 г шеќер -150 мл вода -200 г засладено кондензирано млеко -300 г чоколадо (бела, црна, млечна, или комбинирана) -боја за храна Подготовка:
  1. Ставете го желатинот во вода  и почекајте да нарасне
  2. Згответе ја глукозата, шеќерот и водата
  3. Тргнете ја смесата од рингла, па додајте го желатинот
  4. Додајте кондензирано млеко
  5. Прелијте преку чоколадото и путерот за да се спасите од меурчиња (користете температура од 35 степени)
Следејќи ги овие упатства, ќе добиете глазура која може да ја прелиете преку торта. За да добиете ефект на мермер користете повеќе боја за храна. Уживајте во продолжение на галеријата: