,

(ГАЛЕРИЈА) Совршена алтернатива на фармерки: Ќе уживате во овие модерни здолништа

Добивај вести на Viber

Мора да признаете дека фармерките го сочинуваат главниот дел од вашата гардероба и тоа е сосема во ред ако се зема предвид фактот дека тие практично одат со се. Во бизнис, секојдневен и вечерен стајлинг, фармерките се идеално парче облека кое можеме да го носиме со се: кошули, маички, блузи, џемпери, а од пред неколку сезони и со фустани. Оваа сезона дојде време тоа да го промените и да го замените ова сестрано парче со нешто многу помодерно и женствено. Се работи за здолништа без кои од неодамна не можеме да замислиме ниту еден тренди look. Без разлика дали се работи за кадифе, металик, монохроматски или некој друг модел, едно е сигурно - никогаш нема да згрешите со било кој направен избор. Ваквите здолништа на модерен начин ќе ги заменат фармерките и ќе и дадат посебна нота на женственоста на вашиот изглед. Можете да ги носите со тесни ролки или широки кошули кои ќе ги вовлечете во нив, а многу добро изгледаат и со маички со графички дезен. Што се однесува до обувките, дозволено е да ги комбинирате со длабоки чизми, до глуждови па дури и со патики. Погледнете како тоа го прават познатите улични ѕвезди и инспирирајте се за креирање на вашата комбинација.