,

(ГАЛЕРИЈА) Што ни донесуваат Pull and Bear оваа пролет

Добивај вести на Viber

High street брендови исто така ни донесуваат и свои предлози за следната сезона и нивните нови колекции за пролет 2018-та. Кога се работи за модниот бренд Pull and Bear, во нивната онлајн продавница пронајдовме широк избор на облека за топлите пролетни денови. Pull and Bear донесуваат различни видови на карирани панталони во различни стилови. Во тренд се капри или кроп моделите, обично во сиви тонови, или со детали во други бои, како што е црвената. Овој бренд исто така е инспириран од модата на деведесетите, па во новата колекција пронаоѓаме големи тексас јакни и маички со интересни натписи и апликации. Кога се работи за фустаните, во пролетната сезона Pull and Bear донесува карирани модели и удобни фустани од трикотажа. Што ве очекува во пролетната колекција на овој бренд погледнете во галеријата фотографии.