Гаро и Аки ги одбиле во музичко како анти-таленти

Добивај вести на Viber

CЕМЕЈСТВОТО ТАВИТЈАН ЗА АНЕГОДИТЕ СО РАХИМОВСКИ Фронтменот на легендарните хрватски рокери „Парни валјак“, Аки Рахимовски и македонските музичари Диран и Гаро Тавитјан јуниор деновиве се дружеа во Скопје. Аки, кој е стар пријател на Гарабет Тавитјан од средношколските денови, во студиото на Тавитјан, сними песна која ќе биде изненадување за публиката на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, што традиционално ќе се одржи во февруари следната година. „Поминавме незаборавни пет дена со Аки во студио, а шетавме и низ скопските ресторани. Аки не може да дојде во Скопје, а да не проба скара. Нашите специјалитети му фалат во Хрватска. Заедно евоцираме спомени од групата „Тор“, од времето кога Гаро сениор, Црногорец Ацо и Аки имаа група во средина на седумдесетите“, ни раскажа Гаро јуниор. За Рахимовски, тој вели дека е еден од нивните најдраги соработници, затоа што сѐ што ќе испее е испеано со голема страст. [caption id="attachment_1789" align="aligncenter" width="700"] Диран Тавитијан и Аки[/caption] Младиот музичар ни откри дека од сите приказни кои ги слушал од татко му и од Аки Рахимовски, најмногу му останала во сеќавање онаа кога отишле заедно на приемен испит во средното музичко училиште во Скопје. „Отишле татко ми и Аки заедно на приемен, и замисли, професорите ги одбиле. Им рекле дека се неталентирани и без слух. Ги одбил лично Илија Николовски-Луј, чије име го носи денешното средно музичко. Не успеале да го поминат приемниот, но ја основале заедничката група, „Тор“ и го освоиле целиот Балкан. Потоа ги примиле во Вишата музичка школа“, раскажа Гаро за Женски Магазин. По успехот со синглот „Ocean Dream“, кој го сними со американската пејачка Паула С, која живее во Скопје, Гаро планира уште еден сингл со истата соработничка. На агендата на браќата Тавитјан е и соработка со уште еден голем балкански уметник, за што дополнително ќе информираат. За Женски Магазин, Милица Џаровска