,

Денешните деца се „подобри“ од претходните генерации?

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите психолошки тестови, фрла сомнение на распространетиот став за современи деца Денешните деца се хиперактивни, повеќе од претходните генерации, зависни од технологијата, неспособни да седат мирно без непрестајна стимулација од страна на дигитални уреди. Или барем така ни говорат експертите и медиумите. Меѓутоа, еден од најпознатите психолошки тестови фрла сомнение на распространетиот став за современи деца. Во прашање е познат тест со бонбони со кои е испитувана способноста на малите да го одложат задоволството. Како што покажала анализата на податоци од последните 50 години, во текот на кои овој тест е во употреба, денешните деца се способни да се воздржат, плус се во состојба да го одложат задоволството за минута подолго отколку децата од претходните генерации, а оваа разлика се зголемува за 60 секунди на секои десет години. Порастот на способност на воздржување во корелација е со забележаниот пораст на коефициент на интелигенција во текот на претходниот половина век. Научниците сметаат дека овие два феномени се поврзани. Откритијата еднакво ги запрепастиле и научниците како и останатите. Како што објаснува Џон Прочко, еден од авторите на анализата-и научниците се подложни на исти предрасуди од типот „овие денешни деца“ како и сите останати. „Сеќавањето на нашите способности во детството е многу под влијанието на нашите сегашни способности. Лесно ни е да забележиме недостаток на самоконтрола кај децата кои денес ги сакаме, но многу потешко ни е да се сетиме какви навистина сме биле во таа возраст“, вели тој. Дали овој напредок во самоконтролата значи дека оваа генерација ќе биде помалку склона на криминал и зависности? Научниците се скептични. Оние кои најтешко се воздржуваат и понатаму ќе бидат најсклони кон опасни и нездрави облици на однесување, како што биле во минатото, смета Прочко. За причините и последиците на подобрување на самоконтролата кај децата научниците допрва треба да дознаваат многу. „И покрај современите жалби, изгледа дека денешните деца сепак се подобри од што бевме ние. Културата на инстант задоволување очигледно не го запрела трендот на напредување на новите генерации на деца во однос на некогашните деца“, заклучува Прочко.