Диригентството не е само машка професија

Добивај вести на Viber

САЊА ПАНОВСКА-МИЛАНОВА ДЕНЕСКА ИМА ПРЕМИЕРЕН КОНЦЕРТ СО ХОРОТ „АРТИЗАН Не сакам да верувам дека во светот сè уште на каква било професија се гледа како на машка или на женска. Јас сум нова во оваа работа, со хорско диригирање се занимавам само три години, и не сум почувствувала разлика Мешаниот хор „Артизан“ од Скопје, кој во април годинава го основаше диригентката Сања Пановска-Миланова, денеска во Музејот на градот Скопје од 20 часот, ќе го одржи својот прв јавен настап. Хорот премиерно ќе ја изведе „Мисата на изгрејсонцето“ од норвешкиот современ композитор Ола Јеило. [caption id="attachment_1686" align="aligncenter" width="720"] Претходно пеев во многу хорови, но веќе немам глас за пеење. Затоа љубовта кон хорската уметност ја негувам на друг начин, со диригирање. - Сања Пановска-Миланова[/caption] Покрај хорот „Артизан“ со кој ќе диригира Пановска-Миланова, ќе настапи и професионалниот мешан хор „Про Арс“ како и гудачки оркестар. Со диригентката зборувавме за нејзината љубов кон хорската уметност, и за тоа колку диригентството во светот и кај нас веќе не е само машка професија. „Не сакам да верувам дека во светот сè уште на каква било професија се гледа како на машка или на женска. Јас сум нова во оваа работа, со хорско диригирање се занимавам само три години, и не сум почувствувала разлика во однос на пристап или достапност. Но, допрва треба да работам и да се докажувам. Диригирањето во светот, одамна веќе не е само машка професија, а знам дека ќе биде и кај нас, како што расте бројот на мои колешки“, ни изјави Сања. Таа е професионална пијанистка, но откако дипломирала пијано на ФМУ во Скопје, посакала да се усоврши во нејзината голема љубов, хорското диригирање. „Претходно пеев во многу хорови, пеев и кај мојата колешка диригентка Летка Димовска-Полизова во „Света Злата Мегленска“, но веќе немам глас за пеење. Затоа љубовта кон хорската уметност ја негувам на друг начин, со диригирање. Две години работев со хорот „Кочо Рацин“, но нашата дружба заврши откако сфатив дека сакам да имам свој хор. Така во април го основав Артизан“, за кој допрва треба да откријам зошто е поразличен од другите“, додаде Сања. [caption id="attachment_1688" align="aligncenter" width="720"] „Артизан“ е мешан хор кој е основан во април годинава. - Сања со своите хористи на настап[/caption] Делото кое ќе се изведе на вечерашниот концерт, „Миса на изгрејсонцето“ е современа композиција, која Јеило ја создал во 2008 година. Напишано е за гудачки оркестар и хор, а текстот е на латински. Го открив ова дело кога го подготвував завршниот испит од магистерските студии по хорско диригирање. За композиторот Ола Јеило дознав од концертите на Сашо Татарчевски, почнав да истражувам на Интернет и така стигнав до „Мисата на изгрејсонцето“. Ме освои од прва, и веднаш посакав да го разработам одблиску“, вели диригентката која е возбудена пред изведбата на ова исклучително дело за македонската публика вечерва. За Женски Магазин, Милица Џаровска