Допре многу срца: Приказна која секој треба да ја прочита, особено жените!

Млада жена која тукушто се омажила, еден топол летен ден дошла во посета на својата мајка.  Седнала во фотелјата и додека пиела леден чај, започнале да зборуваат за животот, бракот, за одговорностите и обврските на зрелите жени. Мајката замислено ги помешала коцките мраз во својата чаша и тогаш јасно и трезвено ја погледнала својата ќерка. 

„Немој никогаш да ги заборавиш своите пријателки“, рекла. 

„Тие ќе ти бидат се поважни, кога ќе станеш постара. Колку и да го сакаш својот маж, колку и да ги сакаш своите деца, тие сепак ќе ти бидат потребни. Сети се понекогаш да излезеш некаде со нив, и понатаму да се дружиш со нив. И запамти дека твоите пријателки не се само пријателки, тие се и твои сестри, твои ќерки, и останати твои роднини. Ќе ти бидат потребни други жени. На жените секогаш им се потребни други жени“... 

„Каков блесав совет“, помислила ќерката. 

„Зарем не се омажив неодамна? Зарем не зачекорив во светот на парови? Во името на Бог, јас сум омажена жена, возрасна! Не сум некоја на која толку и потребале баш сега пријателките! Мојот сопруг и моето семејство ќе бидат се што ми е потребно за мојот живот да ја добие вистинската смисла“. 

Сепак ја послушала својата мајка и продолжила да одржува контакти со своите пријателки. Како поминуваат годините една по друга, таа полека почнала да увидува дека нејзината мајка, всушност, точно знаела што зборува. Како времето и природата донесуваат промени во животот на секоја жена, пријателките остануваат најголема поддршка за неа. Во своите 40 години, еве што научила:

Времето поминува. Животот се случува. Дистанцата разделува. Децата растат. Љубовта избледува. Срцата се кршат. Работата дојде и пројде. Кариерата завршува. Родителите умираат. Колегите забораваат услуги. Мажите имаат свој свет. Но, пријателките остануваат со тебе, без разлика колку време и километри биле далеку од тебе. 

Пријателката никогаш не е толку далеку да не може да биде со тебе, кога е потребна. Додека мораш да одиш по тој осамен пат кој се вика живот, и кога мораш да одиш сама, твоите пријателки ќе бидат тука, покрај патот, навивајќи за тебе, молејки се за тебе, трудејќи се околу тебе, залагајќи се за тебе, и чекајќи те на крајот на патот со ширко раширени раце. А понекогаш дури и ќе ги прекршат правилата поради тебе.