,

Европа сака татковците да користат четири месеци „породилно“

Добивај вести на Viber

Хрватска е членка на Европската унија во која татковците најмалку користат родителско отсуство, минатата година го искористиле само 1215 татковци Работа или дружење со детето, дилема која мачи бројни татковци ќе ја реши Европската унија. На породилно најмалку четири месеци, пишува РТЛ. И по раѓањето на детето ќе добијат 10 слободни дена, платени најмалку во висина на износот на надомест за боледување. Татковците во Хрватска сега имаат право на родителско отсуство, но ретко го користат. Така минатата година го искористиле 32 519 жени и само 1 215 мажи. Татковците своите права главно ги пренесуваат на мајките. Хрватска е меѓу членките на ЕУ каде татковците најмалку користат родителско отсуство, а тоа се движи помеѓу 3-4 посто. И така ќе биде сè додека мажите имаат поголемa плата за 10-15 проценти повеќе отколку жените, па така тоа е поисплатливо за семејството“, рекол демографот Ненад Покос. Во Естонија, Литванија и Португалија татковците за време на родителско отсуство добиваат целосен износ на платата. За да стапи европската директива на сила, треба да добие зелено светло од сите земји членки. „Да, ја поздравуваме оваа цел која ги поттикнува татковците на негување, но не на штета на мајките и да одиме во насока на намалување на правата на мајките, а можеме да кажеме дека Хрватска не е најлоша и дека во тие делови имаме добро заштитени родители и родилки, да ги задржиме своите права, а евентуална директива на некоја надградба, односно предлог, може да се прифати“, рекол Марин Стрмота, државен службеник за демографија, за РТЛ телевизија. Хрватска е единствена земја членка која законски не препишува обврски за слободни денови за татковци по раѓање на детето, а само во првите шест месеци оваа година бележи природен пад од 11 и пол илјади.