Македонскиот народен театар со претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак ќе учествува на 57. Интернационален театарски фестивал МЕСС-Сараево, кој се одржува од утре до 8 октомври.
„Електра“ ќе ја изведе на 2 октомври во Босанско народно позориште во Зеница во 20 часот.
Во ова фестивалско издание на МЕСС учествуваат 13 земји и тоа: Белгија, Полска, Италија, Аргентина, Македонија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Хрватска, Србија, Франција, Бугарија, Швајцарија и Црна Гора.