Оваа есен покрај Сонце и одличните нови трендови, ни донесе и неодлучност. Секој ден е лотарија како да се облечеш, дел од летните алишта се секогаш на stand by, но на одредени парчиња полека но сигурно им велиме hasta la vista.
Модата од секогаш била моја пасија и силно верувам во модната филозофија дека е подобро да искомбинираш сам ретро алишта од личниот плакар, отколку купена целосна комбинација од излог. Да се купи не значи само да се потроши добра сума на пари, стилот е дефиниран по она како вие го носите, комбинирате и презентирате низ улиците - секојдневните наши модни писти • и верувајте навистина не е важно од каде ќе се купи.
Доволно е да се има неколку парчиња облека, што ќе трпат безбројни комбинации. Добриот избор на чевли даваат голем акцент и се главен финиш на секоја гардероба.
Една кожна јакна, искомбинирана на различни начини со модни аксесоари шал, цвет, марама дава друга дефиниција на вашиот изглед. Она што ги советувам најблиските кога ќе ме прашаат за мислење во однос на модата е да ја сочуваат едноставноста во секој поглед. Бидете она за коешто вие најдобро мислите дека сте, бидејќи жена како жена во текот на денот менува мислења и се пресоблекува безброј пати, па не е ни чудно кога стилот ни се менува во однос на тоа како сме расположени.
Ова се моите предлог есенски комбинации за оваа сезона.
1. Понеделник - Урбана девојка во потрага по добро кафе и одличен почеток на неделата
- Понеделник е ден на брзиот метеж и хаос, градот ита кон својата работна дестинација, Скопје дише во ритамот на ,, Брзам ќе те барам“ …
Црна basic деловна комбинација со црвени Бата чизмички до глужд и голема ташна во силна боја за сите работни ангажмани во една папка и место за вашиот лап топ.
Кожната јакна го надополнува вашиот City Glam изглед.
Спремни сте за гужвите низ градот •
Вторник
-Време е за состанок
Денес деловните состаноци често и се одвиваат во вашиот омилен кафе бар. Комбинацијата на добро кафе и професионални обврски e секогаш со позитивен исход. Вие и вашиот работодавец сте релаксирани, и спремни за нови успеси!
Белото сако секогаш дава доза на свежина на која било одбрана комбинација.
Црни искинати фармерки го нагласуваат вашиот casual стил, но и оставаат доза на сериозност.
Кожна ташна за зрела дама со веќе издефиниран стил
Црвени кондури – да се разбие монотонијата на чекорењето
Среда
Модерни деловни додатоци со Ottimo Handmade
Модните додатоци се главниот финиш на вашата гардероба. Доволно е мал детаљ како што е пеперутка кравата од која било колекција на Ottimo Handmade, голема насмевка, комбинација на вашите омилена бели фармерки и кошула во „polka dot“ стил за свеж почеток на среда. Црни чизмички до глужд се одличен избор за надополнување на овој изглед.
Четврток
Културни настани низ Скопје
Скопје може да се пофали со доста културни настани низ целиот град. Уличните фестивали на вино, пиво се само дел од препознатливиот печат на Скопје.
Долг мантил во комбинација со кожни хеланки, еднобојна блуза и Адидас патичиња, надополнето со руско капче како моден додаток се одлична лежерна комбинација за случувањата низ градот.
Петок
Контрасти и принтови
Мешањето на две бои е секогаш забавно, игра и боенка на стилот, додека присуството на принтови го дава оној егзотичен акцент во мешањето на две контрасти.
Зелената боја знае потешко да се искомбинира, но во комбинација со розевата делува одлично.
Со ваквиот тип на комбинација не сте го „прекршиле“ деловниот код на облекување, но сте вметнале и ваш личен печат.
Чевлите со принт, секогаш треба да бидат во склад со барем едно парче од вашата гардероба.
Балоните со хелиум се секогаш добредојдени во кој било кадар •
Сабота
Кафе низ град
Не можам да замислам ден без кафе, посебно кога станува збор за сабота. Раздвиженоста низ градот и паркот, ми ја враќа насмевката, а времето одвоено со пријателите е сосема доволна причина за убав почеток на викендот.
Фармерки и патики во комбинација со памучна маичка и кожна јакна се секогаш old school добар избор на денски изглед, а доколку ви е пролет во душа вметнете моден додаток цвет за разбивање на црно - белата комбинација.
Букет цвеќе од бабичките на пазар, се сосема доволна причина да ја изненадите вашата мајка или баба, и да внесете малку среќа и боја во вашиот дом.
Недела
Боите на есента во деним уличен стил
Есента е инспиративна сама по себе, на секој чекор не „демнат“ новите идеи за одлична фотографија на Инстаграм.
Едноставна црна комбинација надополнета со тексас јакна и патичиња се кул лежерна комбинација за сончевите денови во недела.
Одберете го своето омилено место за кафе, и уживајте во денот што свои убавини носи.
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fb strana : https://www.facebo ok.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeader.wixsite.c om/styleinmotion