ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Животни лекции кои ги научивме од „Малиот принц“

„Малиот принц“ е трета најпреведувана книга на планетата, преведена на повеќе од 250 јазици и дијалекти. Годишно се продаваат околу два милиони примероци и е прогласена за најдобра книга на 20 век во Франција. 

За децата и за возрасните 

„Сите возрасни некогаш биле деца... Но само неколкумина од нив се сеќаваат на тоа“. 

„Возрасните сакаат броеви... Кога им кажеш дека си стекнал нов пријател, никогаш не прашуваат ништо важно. Не прашуваат - како му звучи гласот, кои игри ги сака ... Наместо тоа, прашуваат - колку години има, колку е тежок, колку заработува татко му? И само од тие броеви, мислат дека дознале нешто за него!“ 

„Живеев меѓу возрасните. Ги видов лично, одблизу. И тоа не го подобри многу моето мислење за нив“. 

„Луѓе во возовите спијат, или зеваат. Само децата го притискаат носот до стаклото на прозорот, само децата знаат во што гледаат.“ 

„Детството е друга земја, но и чекална, место за прифаќање и сместување“. 

За луѓето и за Земјата 

„Луѓето заземаат сосема мало место на Земјата“. 

„Многу е тешко да судиш за себе, отколку за другите. Ако успееш да се осудуваш себе, навистина си човек од голема мудрост.“ 

„Ако оди само право, никој не може многу далеку да стигне“. 

„За патниците, ѕвездите се водилки. За сите останати, тие се само малечки светла“. 

За љубовта 

„Времето кога си го изгубил поради таа ружа, е токму она што ја прави важна“. 

„Само кога гледаш со срце, гледаш реално. Тоа најважното не може да се види со око“. 

„Кога нешто ќе припитомиш, стануваш засекогаш одговорен за тоа“. 

„Морам да го издржам присуството на неколку гасеници, ако сакам да ги запознаам пеперутките“. 

„Она што пустината ја прави прекрасна, е факт дека таа некаде во себе крие извор“. 

„Убава си, но си празна. Никој не би посакал да умре поради тебе“. 

„Куп камења престануваат да бидат камења во моментот кога еден единствен човек ќе погледне во нив, а во себе гледа слика на катедрала.“