Животна училница // Приказни
Знаете ли кои се најчести женски фобии?
Скоро и да не постои личност која нема фобии. Понекогаш и не разбираме зошто некои работи толку не ужаснуваат, но не можеме да си помогнеме. Жените најчесто се борат со осум вида на фобија, а ви откриваме кои се тие.
Арахнофобија – Веројатно сте претпоставиле дека стравот од пајаци ќе се најде на прво местто. Арахнофобија е честа појава во женскиот свет, а повеќето жени се парализираат кога ќе видат пајак, колку и да е тој мал и да изгледа безопасно.
Акрофобија – Страв од висина ги мачи и мажите исто како и жените. Различно се манифестира, па додека некои се плашат од поглед од 12 кат, на други проблем ќе им претставува и качување на скали или три скалила.
Глософобија – Страв од јавно говорење го забрзува пулсот на многу жени. Разбирливо е да се плашиме дека ќе кажеме нешто погрешно или да се посрамиме пред поголем број на луѓе. Од оваа фобија патат и многу славни личности, но ним на помош им пристигаат тренери и учители кои со време ги претвораат во совршени говорници.
Акулофобија – Стравот од мрак е прилично честа фобија. Додека некои уживаат во темница, лицата кои патат од оваа фобија мракот ќе ги избезуми. Страв од детството, кога сме се плашеле од се што би можело да не демне од мракот, лесно се задржува и во возрасно доба.
Клаустрофобија – Стравот од затворен простор ги мачи многу луѓе. Најчесто е поттикнат од лошо искуство од минатото, било дали во детството не затворале во плакар или ако пред многу години сте поминале часови во расипан лифт.
Атикофобија (Atychiphobia) – Оваа малку позната фобија ќе ја препознаат многу жени, бидејки нејзините симптоми се – страв од неуспех кој не попречува да испробаме некоја нова активност која не интересира. Потсвесно се обесхрабруваме за да го спречиме неуспехот. Овој страв варира од лесен, преку умерен до парализирачки.
Мизофобија – Страв од нечистотија е познат за многу жени. Многу од нас одбегнуваат допирање на ракохвати и било какви држачи на јавни места. Оваа фобија може да биде многу умерена, но проблем настанува кога почнува да штети на вашиот секојдневен живот.
Офидиофобија – Исто како и арахнофобија, офидифобија е поткатегорија на херпетофобија, страв од влекачи. Страв од змии можеби не ви се чини многу сериозна бидејки е чест кај многу лица, но оваа фобија може да биде толку изразена да оние кои патат од неа одбегнуваат прошетка во природа, зоолошка градина или било кое друго место каде би можеле да се соочат со изворот на страв.