ЗОДИЈАКОТ И ЦРНИОТ ХУМОР: Рибите можат ладно да ви свртат глава

Добивај вести на Viber

За сите знаци има по нешто од црниот хумор, и забавно е да се прочита. Овен Се бори, склон е на ирги и сплетки, ги сака партнерите и ги смета за сексуален објект. Економист е и работи професии кои се доро платени. Мани ми се тоа што е брзоплет, горд и има големо его. Може да биде и садист. Бик Сака да јаде, пие, да ужива, го сака сексот.  Тој е темпераментен, тврдоглав, а понекогаш и мрзлив. Успешен е во политика и економија, и е материјалист. Мецена е за уметност, и биковите можат нешто и сами да направат. Мани му се тоа што не попушта, љубоморен е и е склон кон алкохол. Близнак Тие се пола - пола и имаат како добри, така и лоши особини. Тие се привлечни, ладни, неемотивни луѓе. Самокритични се, но сакаат и да ги критикуваат другите. Често се контрадикторни, но има и бисексуалци меѓу нив. Рак Тие имаат променливо расположение. Се занимаваат со повеќе професии и ретко се одлучуваат за една. Ако на време не се одлучи, може да стане социјален случај. Тој е добар домаќин, лесно може да се навреди, но не покажува. Склон е на пороци, заборава, но може да биде и уметничка душа. Лав Диктатор, не признава грешки, и вели дека секогаш е во право. Мирен е ако некој го надмине во нешто или е во повисоки интелектуални кругови. Ако има моќ, околината ќе настрада. Најдобро е да се нахрани, и да му се даде простор за да не ја тиранизира околината. Девица Овој знак некогаш е добар во она што го работи, но некогаш е мрзлив. Аналитичен тип, самокритичен, знае да ја упропасти целата ситуација и да бара да го спасат пријателите. Има и боемска жичка. Вага Овој знак зрачи со искрени емоции. Склони се кон убави работи, тие се добри декоратери. Мана им  е тоа што многу трошат, невротични се, не знаат што сакаат од животот. Жените не се оптоварени со конзервативното растење. Шкорпија Депресивен и многу мистериозен знак. Добри се во работа која бара динамика, маркетинг, промоции и слично. Многу се љубоморни и сакаат да се одмаздуваат. Во комбинација со Бикот имаат 100% чиста страст. Деструктивни се за себе и околината. Стрелец Тие се филозофи полни со среќа, хазардери, луди возачи. Не се откажуваат лесно. Нивното мора да биде последно, иако некогаш знаат и мирно да слушаат. Склони се кон дебати, не сакаат конзервативни стеги. Со нив може да се соработува. Јарец Тие се материјалисти и мрзливи. Можат да бидат математичари и програмери, но нема да дотуркаат далеку. Ако се зафатат со некоја работа, ќе ја завршат до перфекција. Но, може и тоа целосно да им пропадне. Жените јарци се баш на „цена“. Водолија Сака да се шегува, но и знае да биде хумана. Имаат променливо расположение. Многу се паметни, а понекогаш и генијални. Се советува да не се дружите долго време со нив. Риби Сите знаци се обединети во овој знак и тоа не е добро. Имаат криза на индентитет, дивергентни се, поделени на сите страни. Ако е нервозна лесно ќе ви сврти грб. Треба да ги избегнувате, а многу знаци како Нострадамус, Микеланџело, Коперник, Леонардо, Мојсије биле припадници на овој знак.