Потребата за прејадување во доцните часови не е само последица на гладувањето преку ден. На тоа влијаат и хормоните, покажа најновото истражување. Истражувачите експериментот го спроведиле на 32 возрасни личности од 18 до 50 години. Половина од нив имале пореметување во исхраната и вишок килограми.
Испитаниците морале да постат во период од 8 часа пред оброкот во 9 часот наутро. Потоа повторно постеле до оброкот во 4 часот после пладне, и конзумирале течен оброк. На секои 130 минути после оброкот биле подложни на стрес-тест. По 30 минути откако бил изведен тестот требало да изберат брза храна како што е пица, чоколадо, чипс и слично.
Испитаниците биле повеќе гладни навечер отколку наутро, а сето тоа се должи на хормоните и стимулацијата на апетитот.
Оваа навика предизвикува дијабетес. Цел ден сте гладни, но вечерта надоместувате.
Сепак, најдобро е да се јаде повеќе преку ден отколку да се гладува и да се надомести во доцните часови.