Во Јавна соба утре во 20 часот ќе се одржи втората самостојна изложба на Тони Попов, со наслов „Само сенка на она што доаѓа“. Ова е серијал на слики од „Апстрактна поезија”, која е чекор надвор од комфорната зона, крик на лузните кои копнеат за исцеление, обид на смртното да ѕирне во вечноста.
Тони Попов е самоук сликар кој со сликарство се занимава од 2011 година. Неговиот талент, вештина и контемплативна креативност се забележани од љубителите на сликарството, но и од уметничките критичари уште во неговите први дела. Неговите слики досега се продадени во единаесет земји.
На изложбата во Јавна соба, ќе бидат изведени дела од композиторот и виолист, Марко Виденовиќ, кој беше инспириран да напише музика за делата „Ноември“, „Се уште паметам“ и „Помина нашето лето“.
Изложбата ќе биде отворена до 16 февруари.