Каков ќе биде ноември според ѕвездите: Месечен хороскоп за ноември
ОВЕН – Партнерските односи и љубовта ќе ви бидат актуелни. Некаков ненадеен пресврт ве очекува на тоа поле, за секого различен во зависност од наталните позиции. Едно е сигурно: ќе делувате инстинктивно, повеќе отколку со разум или размислување. За оние од вас кои не се во врска, можност за започнување на необично партнерство. Доколку сте веќе во врска, ќе го изненадувате партнерот / партнерката со своето однесување, со своите барања или пак со ставовите. Слабите врски може уште повеќе да ослабнат, но добрата врска ќе стане подобра. Втора актуелна тема овој месец во која ќе бидете успешни, ќе се парите: наплата од клиенти, долг од некого, или пак добивање на позајмица.
БИК – Зголемени обврски на работа и/или по дома ве очекуваат во текот на ноември. Постојано ќе бидете ангажирани со нешто. Средба со интересна личност ве очекува во текот на некој ваков ангажман. За некои од вас, овие показатели може да се однесуваат и на зачестена посета на лекар. Истовремено пак, ќе се обидувате да измените нешто во партнерските односи, што и да значи тоа за вас. И ќе успевате во тоа, но можно е резултатите да не траат долго. Трошење пари за забава, излегувања или пак јадење по ресторани и на јавно место, може да ве остави со истенчен паричник за некое време.
БЛИЗНАЦИ – Забава и работа, или работа што ви е забавна, секојдневни обврски кои ги заменуваат периоди на уживање и олабавеност. Ќе чувствувате зголемено ниво на енергија, и задачите ќе ги завршувате внимателно и сериозно. Добар период ви е и за планирање и потпишување договори, соработка со агенти, а соработката почната сега ќе трае подолго. Учење или истражување, наука, филозофија, повисоко знаење, или добивки од тие сфери се можни. Месецов за вас ќе биде многу активен, а посебно пријателите нема да ве оставаат на мир со своите повици и покани за дружба. Искористете сè она што го нуди периодов.
РАК – Дом и забава се двете полиња кои ќе се актуелни за вас во текот на овој месец. Од една страна, ова може да значи дека голем дел од забавните активности ќе ви се одвиваат по дома, ваша или туѓа, и дека нема многу да излегувате на јавни места. И вака, ќе сретнете луѓе кои не сте ги виделе одамна, а разговорите со нив ќе ви бидат пријателски и инспиративни. Што се однесува до домот, може и да преуредувате или да го разубавувате просторот во кој живеете. Можно е исто така да ви пречи присуството на некое лице. Во љубовта – стабилно; за работа – не ви се наклонети ситуациите; пари – ќе доаѓаат и ќе си одат.
ЛАВ – Голема раздвиженост ве очекува во текот на овој месец. Постојано ќе бидете во контакт со луѓе, на средби, на разговори, за договори, или преговори, и секаде каде е потребен ум, дипломатија со другите и приспособување на нови околности. Некои од нив ќе излезат на крајот многу успешни. Сепак, внимавајте при контакти со лица од правниот систем. Можеби поради таквата зголемена активност со други луѓе, слободниот дел од денот и вечерта ќе сакате да ги поминете дома во мир и олабавеност. Подгответе се за давање пари, и не позајмувајте пари во овој период, бидејќи постои можност да не ги добиете назад.
ДЕВИЦА – Финансиите ќе ви бидат во центарот на внимание, па во текот на ноември ќе изнаоѓате интересни начини како да дојдете до дополнителни пари. Пари ќе ви доаѓаат од разни извори, а за некои од нив ни сами нема да бидете свесни од каде и како се појавиле. Доколку работите на процент или со клиенти, односно наплаќате по завршена услуга или предаден производ, ноември е вистинскиот месец да се посветите за да дојдете до повеќе пари. Патувањата носат добивки исто така, а луѓето кои ќе ги среќавате во овој период ќе бидат смирени, духовни, и од помош за вас. Интуицијата ќе ви биде изострена, па следете ја.
ВАГА – Ќе бидете турнати во ситуација да решавате проблеми, свои или туѓи. Сите решаваме постојано по нешто, но овој пат различното е што овие нешта ќе бидат итни, и ќе бараат посебно внимание од вас. Внимавајте да не направите нешто што може да доведе до скандал или да ги повреди чувствата на другите. Некој ќе ви се спротивстави, а постои и можност некој да стори нешто намерно за да ве повреди. „Неочекуваното“ се случува во непогоден момент, односно речиси ништо што очекувате нема да се случува како што сакате. Во љубовта – необични промени; а финансиите ќе зависат најмногу од вашето трошење.
СКОРПИЈА – Средба со постари лица од вас, кои се чесни и искрени, кои ви помагаат, и кои може да се претворат во постојани пријатели. Од такви лица очекувајте помош и за пари и/или за работа. Во кругот на пријатели ќе сретнете пријатно лице што ќе ви остави голем впечаток, односно – ќе ви се допадне. Можно е да започнете поинтензивен контакт. Можна е и љубов на прв поглед, или ќе донесете пренагласена одлука која ќе влијае врз вашиот љубовен живот. Можни се врски и здружувања кои се на добра основа, со луѓе кои имаат слична вибрација и интереси, посебно со спротивниот пол. Уживајте.
СТРЕЛЕЦ – Ова е критично време за вас, а настаните што следат ќе ве тераат да станувате многу сомничави. Ќе има моменти кога ќе делувате спротивно на своите интереси, ќе се спротивставувате на авторитативни луѓе, или во време и на место кога нема да треба тоа. Многу е можно да сте дури и несвесно вовлечени под влијание на туѓи мисли и желби, а тоа туѓо влијание нема да е позитивно за вас. Што се однесува до финансиите, тие во голем дел ќе зависат од вашето ангажирање. Некои од вас би можеле во текот на есенските и зимските месеци да започнат и свој бизнис, сами или со ортак.
ЈАРЕЦ – Во најголем дел од месецот ќе бидете преокупирани со работа, некој човек што ви е претпоставен, а можно е и родител. Ќе има и позитивни и не толку убави моменти поврзани со горенаведеното. Инаку, контактот со пријателите ќе расположува, или зголемен контакт со некој од нив. Ќе среќавате луѓе за првпат со кои пријателски ќе си муабетите. Доколку имате групни активности од кој било вид, исто така ќе се интензивираат. Можна е средба која би требало да е значајна во овој поглед, посебно во деновите 17 или 18 ноември. Од друга страна, овие исти показатели означуваат и дека ќе се ангажирате во остварување на некоја своја желба. Ненадејни пари, можни се исто така.
ВОДОЛИЈА – Ќе решавате правни заврзлами, ќе учите нешто, ќе бидете активни на интернет, и ќе шетате на викенди, можеби и во посета на манастири. Работата и кариерата ќе ви бидат посебно важни во овој месец, можеби и затоа што ќе бидете поттикнати на тоа после некоја важна средба. Убави емоции, љубовна средба или пак продлабочување на постоечката врска ве очекува во текот на месецов. Можно е да започнете пријателство во овој период кое долго ќе трае. Сума пари ве очекуваат во деновите од 11 до 13 ноември.
РИБИ – Во текот на месец ноември, вашиот владетел Јупитер прави два аспекти на 11 и 13 ноември, што би требало вас да ви донесе дружби, луѓе од странство, како и каков било вид на контакт со странци. И бездруго цел месец ќе биде тоа нагласено, но за некои припадници од овој знак, можни се контакти со духовни лица, интензивно учење, како и кратки патувања. Финансиската ситуација ќе ви задава главоболка поради некоја причина. Ќе решавате проблем со пари, долгови, кредити, позајмици. Се појавува ненадејна помош по ова прашање, посебно во деновите околу 23 ноември.