Ви донесуваме совети од логопед како кај детето да го поттикнете развојот на говор
Еве совети за стимулација на детскиот говор кој можете лесно да го вежбате со игра:
- Во најрана фаза во учење на говорот научете го детето да препознава звуци и движења: „тик-так“ за чукање на часовникот, „зврр“ за ѕвонење на телефонот, „ав-ав“ и „пи-пи“ имитирање животни, „мац-мац“ за довикување на животни и слично…
- Покажете му на детето различни расположенија со изразот на лицето (насмевнувајте се, лутете се)
- Поздравувајте со „па-па“, пејте со „ла-ла-ла“…
- Кога детето го облекувате или храните, кога го бањате … зборувајте му што правите и како тоа се вика бидејќи тоа треба да сфати дека се има име.
- Дувајте балони, и така низ игра вежбајте го дишењето, што е многу важно за флуентниот говор
- Не исправајте ги детските невештини и неправилни говорни искази, само правилно изговорете и нагласете го она што детето погрешно го изговорило
- Учете го детето на песнички и броенки, што е многу важно за подоцнежно полесно памтење на сложени реченици и искази.
- Користете кратки, едноставни и правилни реченици
- Одвојте време да го сослушате своето дете, одговарајте на она што е речено како детето би знаело дека сте го слушнале.
- Немојте да го форсирате детето да учи да зборува, прифатете ги грешките додека се развива
- Тестирајте го слухот на своето дете ако забележите дека мора пречесто да повторувате или ако мора да зборувате силно за да му привлечете внимание.
- Не погодувајте сѐ што сакало да каже вашето дете задоволувајќи ги неговите потреби пред да имало шанса да ги искаже бидејќи ќе го спречувате во развојот на говор и јазик
- Ако сте несигурни во говорно-јазичниот развој на своето дете, побарајте професионална помош на логопед – никогаш немојте да чекате на помош ако се посомневате на некој проблем бидејќи вие и членовите на вашето семејство најдобро го познавате своето дете.