Како да го продолжите векот на вашите чевли?

Добивај вести на Viber

Постојат правила за одржување на чевлите кои ќе ви помогнат да им го продолжите векот. Најдобар начин да ги чувате чевлите е во нивната кутија во која се купени. Оставањето на чевлите валкани или влажни е првиот знак за распаѓање. Ова е многу важно за кожни чевли, затоа што кожата може да се залепи и да ја изгуби својата форма. Сите чевли треба често да се поминуваат со мека крпа или четка за чевли. Нашите чевли се изложени на сите видови на временски услови, па затоа е важно да бидете сигурни дека тие се заштитени. Кремите ја одржуваат кожата и го негуваат материјалот. Чевлите треба да се поправат кај чевлар доколку тоа е потребно, за да траат подолго.