,

Како да изберете боја во вашиот дом

Добивај вести на Viber

Се случува да немате идеја како да ги обоите ѕидовите во вашиот дом, а некогаш па имате и повеќе желби или пак спротивставени вкусови кои на крајот доведуваат во лошо решение. Како најлесно да изберете боја, а притоа да не го задушите домот со различни бои и шари, всушност е многу едноставно. Најпрвин пред да ја изберете боја и тон која би сакале да ја искористите, погледнете ја големината на вашиот дом. Доколку се работи за голема површина можете да искористите силни бои и тонови, но доколку се работи за мал дом искористете нежни бои и тонови. Силните бои и тонови визуелно го намалуваат просторот, за разлика од светлите бои и тонови кои визуелно го зголемуваат просторот. Истото може да го примените и на таваните. Доколку вашиот таван во собите е висок, а сакате да постигнете визуелна топлина можете да го обоите исто како ѕидовите. Ако пак вашите тавани се ниски, а сакате визуелно да ги зголемите секогаш користете ја белата боја и нејзините благи затемнувања. Кога ќе го решите овој „проблем“ спремни сте да изберете боја и нијансирања. Доколку изберете топли црвени тонови комбинирајте ги со неутрални бои. Ако вашиот избор се ладни тонови секогаш комбинирајте ги со боја која е најблиску до нив, но нема да згрешите ако ги комбинирате и со неутрални бои. Изберете шема на бои: монохроматска, аналогна, контрастна или комплементарна. Монохроматската шема ги користи тон до тон од истата боја, со мало додавање на белата боја за осветлување или црна за затемнување. Аналогната шема користи бои кои се едни до други во палетата на бои, како на пример сината боја е до виолетовата и зелената. Контрастна шема користи тријада од контрасни бои како што се сина – зелена, жолта - портокалова, црвена–виолетова и создава поголема енергија во домот. Комплементарната шема на бои е многу драматична и ги комбинира две спротивставени бои како што се зелената и црвената, сина и портокалова и слично.  
 За Женски магазин, Ана Јордановска