Како да подготвите оброк за време на пости

Добивај вести на Viber

Велигденскиот пост започна вчера и ќе трае седум недели. И овој пост е построг од Божиќниот.Па затоа луѓето, за да ги испочитуваат правилата јадат бели пецива со маргарин или путер, а со тоа може да го влошат здравјето. За доручек јадете леб од интегрални зрна, тоа повеќе време ќе ве држи сити. Направете путер од сончоглед или семе од тиква. А може да направите и посно сирење. Потребно ви е: 250 грама индијски ореви ¼ сок од лимонада Малку вода Индиските ореви потопете ги во вода. Доколку сакате да го забрзате процесот, полијте ги со врела вода и нека стојат еден или дава часа. Потоа, процедете, ставете во бледнер. Додајте вода по потреба. Овој вкус ќе ве потсетува на вкусот на вистинското сирење.