„American Crew“ е првиот и најстариот бренд на професионална козметика исклучително само за мажи. Поради ширењето на овој бренд, ДАКАЛАМА НЕТ организираше едукација за American Crew составена од експерти во таа област во период од мај до декември 2017 год. Едукацијата ја водеше Невена Ротхе, меѓународен All Star American Crew едукатор. На обуката присуствуваа 25 познати машки фризери (бербери) од Србија, Македонија и регион меѓу кои Dime Cut&Cut, Pece CoolCut I Daniel Studio Art Sreten Kostic.
Едукацијата, се одржуваше во повеќе делови, во кои имаше обуки за машко шишање, стилизирање, обликување на брада, и работење во фризерски салон.
Целата едукација беше да се претстават вредностите на брендот, но и проширување на можностите на берберството како занает и усвојување на некој нови современи трендови.
Крајот на едукацијата беше обележан со доделување на сертификати од American Crew Premium Expert. Обучуваните експерти кој добија сертификат, може да вршат обука на нови машки бербери и фризери кои сакаат да научат нешто ново, современо и повеќе за берберскиот занает, но истовремено се регрутираат и за American Crew All – Star Challenge.
American Crew All – Star Challenge е престижен меѓународен настан кој се одржува еднаш годишно. На тој настан присуствуваат машки фризери на кои им се дава можност да ја престават својата креативност преку модели во натпреварот на регионално ниво. Па потоа победниците продолжуваат на меѓународниот натпреват.
Оваа година, глобалниот победник на натпреварот ќе биде избран на 15 март, со тоа што ќе бидете известени секако кој е тој на женски магазин.