,

Кание и забрани на Ким Кардашијан да го носи ова

Добивај вести на Viber

Знаеме дека на старлетата сопругот понекогаш и  дава модни совети, но не можевме да знаеме дека тоа ќе го направи на овој начин... Ким Кардашијан во една епизода на ријалити шоуто „ Keeping Up with the Kardashians“ откри дека Кание и пратил меил во кој и го свртел вниманието на модната грешка која ја направила. „Кание ми прати меил во кој ми напиша: „Не можеш повеќе да носиш големи наочари. Сега се носат помали наочари“, рекла Ким и додала дека покрај тоа и пратил и „милион фотографии од 90-тите години“, како би и покажал што се носи сега. Не е тајна дека раперот и моден дизајнер често ја советува својата сопруга во врска со модата. Сетете се само на епизодата од нивното риајлити во 2012 кога Кание, на тогаш својата девојка, и го исчисти плакарот и исфрли тон работи. И таа била искрена во врска со тоа, па признала дека Кание повеќе пати и избирал дневни комбинации. „Сакаш твојот сопруг да мисли дека си секси. Облечам нешто и потоа Кание ми рече „не , тоа не изгледа добро“, и јас му верувам“, вели Ким која потенцира дека му верува на неговото мислење. Дали вие би му дозволиле на вашиот партнер да ви ја избира облеката?