,

Кендал Џенер ги најави празниците во кампањата за Estée Lauder

Добивај вести на Viber

Кендал Џенер која е заштитно лице на козметичкиот бренд Estée Lauder уште од 2014 година, е подготвена за празничната кампања. Американската убавица на фотографиите е претставена во празнична атмосфера, како балерина во црвено. Облечена во долга црвена слоевита тоалета од тил и карнери, Кендал го најавува сјајното расположение по повод претстојните празници. На другата фотографија, најбараната манекенка носи кратка црвена балерина сукња на туфни, надополнета со кадифени сандали и лента во коса. Со подарок во рака, дваесет и едногодишната манекенка најавува изненадувања кои ни ги подготвува славниот козметички бренд пред Божиќ и Нова година.