,

Кејт Бланшет ќе го предводи жирито на фестивалот во Кан

Добивај вести на Viber

Кејт Бланшет ќе го предводи меѓународното жири на овогодинешното издание на филмскиот фестивал во Кан, соопштија организаторите. Со тоа талентираната австралијка и добитничка на два Оскари ќе стане 12-тата жена, која застанала на чело на престижниот панел во Кан во историјата на фестивалот. „Исклучително сме среќни да пречекаме таков редок и уникатен човек на уметноста со таков неверојатен талент и убедувања“, коментираат директорите на филмскиот фестивал Пјер Лескур и Тиери Фремо во заедничката изјава. Како што забележуваат некои западни медиуми изборот на Бланшет сигурно не е случаен покрај променливиот изглед на Холивуд во моментов. Токму таа беше една од првите жени кои упатија јавно обвинение против продуцентот Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба, а оваа недела таа официјално ја реализира и иницијативата Time's Up ( „Времето истече“) за борба против системската сексуална злоупотреба против жените во кино индустријата, а исто така и во големите корпорации.