Во 2009 кога Кејт Винслет го доби Оскарот за главна женска улога, таа им се заблагодари на 19 луѓе по име. Не го помена Харви Веинстејн, чија компанија го финансираше и дистрибуираше филмот. Таа открива дека и било нагласено да му се заблагодари ако победи.
Нејзиното филмско деби е психолошката драма на Питер Џексон, за Мирамакс Филмс на Харви Веинстејн. Таа открива дека токму поради тоа, Харви постојано ѝ нагласувал кој и ја дал првата шанса. „Како да му должам се“ - додава актерката. „Тој беше надметен и бесен. Тој беше непристоен. Мојата агентка ја нарекуваше со вулгарни имиња, секогаш кога ќе се слушнеа“-отворено зборува актерката.
Винслет беше една од првите која ја даде својата изјава, веднаш откако се открија неговите скандалозни сексуални напади. Списокот со личности кои биле злоупотребувани од него постојано расте. Досега 29 жени јавно го обвинија легендарниот продуцент дека сексуално ги злоупотребувал. Меѓу нив се и оскаровските добитнички Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу, Мира Сорвино, потоа актерката Асија Арџенто која тврди дека ја силувал. Списокот го дополнува и актерката Ешли Џад. Ема Томсон во својата изјава открива дека ја навредувал и ја заплашувал.
Џејн Фонда се кае затоа што не го откачила. Таа додава дека се срами затоа што не се охрабрила да го каже она што го мисли за него порано. Според неа ова не единствен и осамен случај во Холивуд. Тоа се случува постојано. „Жените постојано се навредувани. На работа, дома, во кафулиња. Жените пречесто од мажите се доживуваат како сексуален објект“ - вели Фонда. Таа открива дека Харви како свои жртви ги таргетирал младите жени, затоа што тие се ранливи и несигурни во себе и своите способности.
Моќниот продуцент од кого денови многумина се откажуваат згрозено, е отпуштен од неговата компанија. Неговиот портпарол ги демантира гласините. Го напушти и неговата сопруга Џорџина Чекмен, модна креаторка со која биле во брак 10 години.
Дел од неговите пријатели, меѓу нив и модната креаторка Дона Карен, се извинуваат и ја повлекуваат својата изјава за јавност, дадена во негова одбрана. Филмскиот могул гори. Сè повеќе жени се охрабруваат да откриваат дека ги злоупотребувал, навредувал, ги заплашувал. Дел од нив и порано се обидувале да ги разоткријат, но без успех. Неговата моќ секогаш победувала. Јавноста е шокирана од детали кои се појавуваат за него.
(Picture: MARK RALSTON/AFP/Getty Images)