,

Кој ќе биде најдобриот Менаџер за човечки ресурси во Македонија?

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација за човечки ресурси ќе го избира најдобриот HR менаџер во Македонија. По четврт пат, преку пријавување на номинираните апликанти ќе се бара професионалецот кој со своите работни активности има придонес во креирање и спроведување на стратегија за човечки ресурси во организацијата. Целта и важноста на изборот е да се промовира и признае трудот на посветените професионалци и да се награди придонесот олицетворен во успехот на една организација или тим. Креирање и интегрирање на практики за унапредување со човечките ресурси, создавање продуктивна работна атмосфера и компилирање на кадри што отвораат можности за секоја работната средина, примена на стандарди и посветена работа се само дел од потребните квалификации. Со изборот на HR менаџер на годината се истакнува важноста на HR професијата во организациите, но и во општеството. Селекција на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисијата составена од пет члена, експерти во областа на човечките ресурси кои ќе ги оценуваат техничките и функционални компетенции на HR менаџерот, лични компетенции, континуираното професионално усовршување, како и промовирање на функцијата за унапредување на човечките ресурси, внатре и надвор од организацијата. Номиниран за наградата може да биде вработен на некоја позициите Директор за човечки ресурси, Менаџер за човечки  ресурси, Раководител за човечки ресурси, а кандидатите мора да имаат најмалку 3 години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно 8 години работно искуство. Наградата како пример и симбол за важноста на човечките ресурси, ќе биде доделена од Македонската асоцијација за човечки ресурси во склоп на годишната конференција. Пријавувањето и номинирањето започнува од 15ти јануари и ќе трае заклучно до 28 февруари 2018.  Потребно е да се пополни формуларот за номинирање на HR менаџер и да се проследи на contact@mhra.mk. Подетални информации достапни се на веб страница.