,

Луѓето не смеат да бидат купувани и продавани

Добивај вести на Viber

ИНТЕРВЈУ СО МАРИЈА ИЛИЌ, ЛИЦЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ ОД МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ Верувајте дека низ сезоните се изнаслушавме секакви „лекции“ како треба да направиме, што би требале да смениме, па слушавме паралели со модните недели во Париз, Милано. Зад неколкудневниот настан стојат неколку месеци труд. Многумина се обиделе, па набргу сфатиле дека организацијата изгледа многу полесно во теорија отколку во пракса. Од вечерва, до среда, Скопје по 16 пат ќе ужива во настанот Моден викенд, кој повторно ќе се обиде да го доближи Скопје до светските модни трендови. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во хотелот „Мериот“ во Скопје од денес до вторник, вечерва од 18 часот, а другите два дена од 19. Затворањето ќе се одржи во Иновативниот центар на „Македонски Телеком“ на 25 октомври, среда. Пораките кои оваа година модниот викенд ги испраќа до јавноста се #Stopthetraffik и #GlobalBlanket иницирани од британската организација „STOP THE TRAFFIK“. На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Настанот е организиран од компанијата за менаџмент на модни настани „Модна Недела Корпорација“, инициран од неговата прва дама Светлана Богова Јовановска. За деталите околу ревиите разговаравме со Марија Илиќ, лице за односи со јавност во Моден викенд Скопје. [caption id="attachment_2486" align="aligncenter" width="640"] Низ сезоните се изнаслушавме секакви „лекции“ како треба да направиме, што би требале да смениме, па слушавме паралели со модните недели во Париз, Милано. Зад неколкудневниот настан стојат неколку месеци труд. - Марија Илиќ[/caption] Женски магазин: Што различно од другите години ќе понуди настанот во ова издание? Марија: Она по што се разликува секоја сезона пред сѐ е мотото кое го одбележува, а и нашите главни активности кои се насочени во таа насока. Оваа сезона одлучивме да ја поддржиме глобалната кампања Stopthetraffik и GlobalBlanket, иницирана од британската организација STOP THE TRAFFIK. Секоја сезона имаме домашни дизајнери или од дизајнери од странство кои за прв пат се претставуваат на „Моден викенд“. Овој пат ќе видите тринаесет модни ревии и една мултимедијална презентација за крај на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје, езен-зима, 2017/2018. Секое издание е навистина прикзна за себе. [caption id="attachment_2489" align="aligncenter" width="620"] Марија со организаторката на Моден викенд Света Богова-Јовановска[/caption] Женски Магазин: Од каде идеја за мотото Stop the trafic? Марија: Поразителните податоци, неодамна соопштени велат дека во светот има 43,2 милиони робови од кои 1,2 милиони во Европа. Сѐ поприсутно е „модерното ропство“ во различни категории. Во текстилната индустрија има огромен број на деца и луѓе кои се злоупотребувани во работниот однос и сакаме да ја кренеме свеста за тоа дека парчињата гардероба кои ги купуваме не смеат и не би требало да се произведени низ нехумани работни услови и кршење на човековите права. Луѓето не смеат да бидат купувани и продавани! Женски Магазин: Дали мислите дека трговијата со луѓе е присутна во модната индустрија и како да се спречи? Марија: Доколку ме прашувате за моделите, во Македонија немаме сознанија дека има трговија со луѓе во тој контекст. Фасцинантната идеа GlobalBlanket да се соберат милион квадрати од рециклиран текстил со димензии 14×14 см, па потоа од тоа да се сошие огромна прекривка, ја поддржаа и нашите дизајнери-учесници. Нивните „дизајнирани квадратчиња“ ги печатевме на маиците, а оригиналите ќе бидат пратени во Британија за да се сошијат на прекривката. [caption id="attachment_2485" align="aligncenter" width="640"] Според мене, луѓето го сакаат настанот од различни причини и тоа е сосема во ред. Едни за да бидат видени и да видат, други пак затоа што ги следат македонските дизајнери. - Марија Илиќ[/caption] Женски магазин: Зошто настанот Моден викенд Скопје опстои и успева толку години? Марија: Верувајте дека низ сезоните се изнаслушавме секакви „лекции“ како треба да направиме, што би требале да смениме, па слушавме паралели со модните недели во Париз, Милано. Зад неколкудневниот настан стојат неколку месеци труд. Многумина се обиделе, па набргу сфатиле дека организацијата изгледа многу полесно во теорија отколку во пракса. Она што го гледате на Моден викенд Скопје е нескромно, ќе кажам ниту 50% од она што би можеле, кога пазарот и финансиите би биле други. Моден викенд не е само шоу туку и бизнис и многу алки има во синџирот за да стигнеме до неколку дена со ревии. Сепак на домашната публика и дадовме можност два пати во годината како во другите европски метрополи да може да ужива во квалитетен моден настан. И создадовме навика, па и исчекување во април и октомври. Според мене, луѓето го сакаат настанот од различни причини и тоа е сосема во ред. Едни за да бидат видени и да видат, други пак затоа што ги следат македонските дизајнери и модата воопшто, компаниите гледаат потенцијал за рекламирање на своите услуги и производи на нашиот настан. [caption id="attachment_2488" align="aligncenter" width="640"] Заштитно лице на „Моден викенд Скопје“ е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“[/caption] Женски магазин: Имате ли некоја интересна анегдота да споделите од претходните изданија? Марија: Што се однесува до смешната страна и кај нас е честа, како и на модните недели во странство. Имало понекое паднато столче со гостин или манекенка која нестабилно се движи на потпетици. За Женски Магазин, Милица Џаровска