Македонија е поднебје на многу модни street style икони и тоа останува така. Секојдневното движење низ Скопје, како наутро така и навечер не може, а да не остане забележан младиот урбан свет кој дише со белите дробови на модата, а се движи во ритамот на светскиот моден ритам.
Дали се сеќавате на соработката на Тијана Дапчевиќ и Дејан Миличевиќ и култната песна Моден ритам? Пуштете ја најгласно, облечете се како што вам Ви одговара и движете се во скопски моден ритам!
https://www.youtube.com/watch?v=YHz84lee-KQ
Ќе наидете на различни стилови, спој од небо и земја но сепак добро споено во еден тон. Низ Дебар Маало ќе ја видите последната мода од светските магазини, Аеродром ќе ви ги отвори вратите на спортот и модата, Чаир ќе ве пречека и ќе ве внесе во светот на свилата, силните бои и принтови, во Карпош бизнис дрес-кодот е задолжителен, додека Центар ги има главните места на настаните.
Денес разговараме со Мики Недиќ, македонска street style икона. Веројатно веќе го имате забележано по македонските спотови кај Роберт Билбилов, Маја Вукичевиќ и Наде Талевска. Но, и да не го познавате, неговата харизма и оригиналност лесно ќе ја препознаете каде било.
Вљубеник во модата, добро кафе, урбани места и далечни дестинации, позитивни луѓе се само неколку од многуте факти што треба да ги знаете за Мики.
Мики Недиќ е момчето од првичниот тим на Miss Sixty и Energie, VisualMerchandiser во Hugo Boss и менаџер во Fashion and Friends.
Женски магазин:Мики, големо искуство со веќе добро познати светски имиња. Како се смени модата во Македонија од ерата на Miss Sixty & Energie па се до присуството на брендови како Fashion & Friennds?Мики: За жал, ќе кажам дека доживеа голем пад. Порано да работиш и да бидеш дел од брендови како Energie & Miss Sixty беше престиж. Не можеше секој да работи за такви брендови. Ќе поминеш неколку елиминациони интервјуа за да диктираш мода на клиентите. Кога се отвори Fashion and Friends падот на модата и модните случувања беше видлив, и се чувствуваше онаа празнина на модата. Но, што е, тука е.
Женски магазин:Вљубеник си во модата, и околу себе си опкружен со голем број на луѓе кои ја делат истата пасија како и ти. Што највеќе според тебе придонесува за поставување на модни трендови?Мики: Вид вака, најбитно е да знаеш зошто и како го носиш парчето на гардебора на себе. Не сум роб на скапи парчиња, туку вљубеник на она што сум всушност. Јас кога ќе забележам нешто, а тоа би можело да биде и една обична маичка од 200 денари… Да резимирам, она што придонесува за поставување на моден тренд е сопственото јас, и не смеете да сте ничија копија.Женски магазин: Твоите секојдневни ФБ и Инста фотографии се доста инспиративни во полето на модата. Што највеќе те инспирира за градење на личниот стил? Мики: Малку болна тема, посебно за Инстаграмот. Го изгубив мобилниот во Белград, па за жал Инста профилот со 50.000 следбеници веќе не ми постои, но сепак се надевам дека ќе ми биде вратен. Обично на социјалните мрежи поставувам слики онака како што и се чувствувам. Инспирација за личниот стил и неговото градење всушност ми даваат случувањата од секојдневието, па и кога понекогаш не е сјајно, мораме да го извлечеме она зрно на позитивност.
Женски магазин: Дали сметаш дека во Македонија, има луѓе кои баш двојат од средината во однос на стилот и можеш да кажеш без да се размислиш дека една девојка/дечко знае да се носи?Мики: Па секако дека има.Овде има луѓе кои секако се карактеристични по нивниот стил и енергија. Нина Беадер е лик кој ќе го издвојам како моден погодок, додека Мартина Ристевска е девојка со одличен стил. Листата е долга на луѓе со свое јас и кои имаат свој препознатлив стил. Но, за жал, да не се лажеме кичот повеќе си доминира, а ние како поединци не можеме да ги промениме таквите работи.
Женски магазин: Нашата естрада е доста интересна како на музичко поле, така и во областа на модата. Кој би издвоил како јавна личност која знае што е најприкладно за неговата или нејзината возраст, фигура, а сепак е во чекор со трендовите?Мики: За жал, не дека имаме естрада, ама има јавни личности кои оставаат белег. Лила Филиповска знае секогаш што да стави на себе, дали е тоа за ТВ или за обично испиено кафе во град. Фатиме Фетаи секогаш е одличен и прецизен погодок. Господинот Андреј Жерновски е човек со стил и секогаш знае да го искомбинира спортското со елегантно.
Женски магазин: Твоите фб статуси се секогаш без компромис и од срце кажани, бидејќи и самиот си доста правичен. Дали има исклучоци или компромиси во однос на твојот стил на носење?Мики: Јас не препишувам статус, сепак ќе кажам. Човек сум што има изградено сопствено јас и карактер. Исклучоци во однос на мојот стил има, понекогаш кога се мора. На пример свадби каде морам да носам кондури и одела, а јас не сум вљубеник во истите хаха. Но, среќа последните години има доста одела кои се супер слим фит и класични чевли – комбинација во која секогаш наоѓам некоја позитивна приказна во нив.
Женски магазин: Мики по потекло е од Валандово, топлиот град и музикалниот народ. Дали во Валандово поради присуството на грчки брендови и близината до Солун, се одрази и на личниот стил на Мики?Мики: Секако дека си има тоа влијание и тоа како. Ние кои сме растени во Валандово или Гевгелија и како деца и тинејџери, израснавме и поминавме уште многу места низ Солун. На оддалеченост од 45 мин со кола, често ги поминувавме викендите во дискотеки и клубови низ Солун
Женски магазин:Кога би можел да избереш, од кое светско модно списание и ревија би сакал да бидеш дел?Мики: Голема е листата на списанија кои ги сакам, но за ревии одма би се одлучил за DSQUARED,Cavalli & D&G.
Женски магазин: Според тебе, кои се главните фактори при градење на сопствениот стил? И дали можеш да издвоиш неколку луѓе што лично ги познаваш, кои имаат свој моден печат, а сепак не се познати на јавноста?Мики: Главен фактор при градење на сопствен стил е повторно ќе кажам сопственото јас, да не живеете во заблуда дека ако е скапо парчето, по правило дека е и добро, да знаете да искомбинирате парчиња кои ќе изгледаат обично, а на вас да стојат феноменално. Личности кои не се познати на јавноста и те како би можел да ги издвојам и тоа многу помодерни кои имаат подобро изграден моден стил отколку некои јавни личности.
Женски магазин: И за крај, што ќе ги советуваш сите наши модни вљубеници во модата?Мики: Совет од мене за вљубениците во модата. Диктирајте ја Вие, не таа Вас. Само така ќе бидете свои и препознатливи секаде каде и да одите. Не излегувајте од дома без самодоверба и насмевка, нема подобра мода од тоа.
За Женски Магазин, Нина Беадер,
Fbstrana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion