Кога се работи за стресот кој го доживуваат родителите, само еден број е важен. Бројот кој означува колку деца имате.
Според едно истражување, откриено е дека мајките кои имаат три деца се под поголем стрес отколку оние кои имаат едно или две (секако дека ова никој не го изненадило). Меѓутоа, мајките кои имаат четири и повеќе деца бележат пониска количина на стрес. Во анкетата за TodayMoms.com учествувале повеќе од 7 000 жени.
Како што и можело да се очекува, повеќето мајки признале дека се чувствуваат истрошено. На листата од еден до десет (десет е највисок), повеќето мајки оцениле дека нивното ниво на стрес е 8.5. Но, има еден број околу кој мајките се сложуваат, а тоа е бројот три. Иако тоа е многу едноставно за објаснување, мајката има само две раце. Блогерката Џили Смоклер, која пишува за Scary Mommy се сложува со резултатите од анкетата.
„Преминување од едно дете на две е лесна и едноставна транзиција. Но, од две на три, се сè свртува наопаку. Не го чувствувам тоа како целина. Имате само две раце. Само преминот преку улица со три деца, а не можете да ги држите сите за рака, е неверојатно стресен“, објаснува блогерката.
Дури и ако вашиот партнер е дома со вас, сè уште тоа се само два пара раце: едно треба да се гали, друго да се заспие. Додајте го третото во таа слика и јасно ви е зошто станува сѐ комплицирано. А зошто сепак е едноставно кога преминете од бројот три на бројот четири? Не е дека на вашето тело расте уште еден пар рака. Мајките кои имаат големи семејства велат дека кога еднаш ќе ја достигнете критичната маса, веќе немате време за грижа и мора да пловите, да го прегрнете хаосот и вревата и да се забавувате во домаќинство кое има многу работа.
Психијатарката др. Џенет Тејлор од Њујорк вели: „Колку повеќе деца имате, толку повеќе самоуверени станувате, кога се во прашање вашите родителски вештини. Морате да пуштите, а потоа сте благодарни кога сите одат во училиште на време“. Три е „незгоден“ број. Со четири деца, секогаш едното има друштво за играње. Постарите браќа може да си играат или да помогнат околку помалите.
Меѓутоа, без разлика на тоа колкав е бројот на вашите деца, времето за одмор во кој можете да се опуштите и уживате, ќе дојде кога секој од нив ќе го избере својот пат и ќе тргне по него.