,

Модерниот начин на кој ја убивате вашата врска

Добивај вести на Viber

Нашиот став кон Смарт телефоните е поврзан со депресија и ниско задоволство на врската. Излегува дека мобилните телефони можат да им наштетат на романтични врски и да доведат до депресија, покажува новата студија. „Ние откривме дека кога вашиот партнер ве игнорира, за да се фокусира на паметниот телефон, тоа создава конфликт и доведува до намалување на задоволство од врската. Овие ниски нивоа на возвраќање водат до ниско ниво на задоволство од животот и, на крајот, до високи нивоа на депресија“, вели д-р Џејмс Робертс, водечкиот научник на истражувањето. Примери за игнорирање на партнерот се следниве (често прифаќани за невини) акции:
  • Партнерот го поставува неговиот паметен телефон, така што тој го гледа и чепка цело време додека сте заедно
  • Партнерот го држи телефонот во рака додека сте заедно
  • Партнерот го разгледува неговиот телефон додека разговара со вас
  • Ако има пауза во разговорот, вашиот партнер го проверува неговиот телефон