,

МОДНИ КОМБИНАЦИИ ПРИ ПАТУВАЊЕ СО АВИОН

Добивај вести на Viber

Модата е присутна на секој чекор од нас, и ни е верна сенка каде и да се движиме наоколу. Низ град, на состанок, на ручек со пријателите, манифестации и градски збиднувања присутна е во секој агол. Но, една дама често знае и да го облече своето омилено модно парче и при патување со авион. Аеродромите често знаат да бидат и големо модно шоу особено во Соединетите Американски Држави, каде посебно се става акцент на модата низ аеродромите. Светските јавни личности се најомилени модни икони на папараците кои се зад нивниот чекор, а модните блогери тивко ја диктираат модата низ аеродромските терминали. Без оглед дали имате долг интернационален или чартер лет, многу од дамите покрај лежерниот стил, го негуваат и елегантниот стил кога патуваат со авион, кои навистина воодушевуваат со нивниот спој на практично и шик во една модна комбинација. Во изминатата статија ги одвоивме за вас ултра модерните багажи кои ќе остават моден белег на вашето патување, а и ќе Ви послужат како одлична инспирација за добри Инстаграм фотки. Денес за Вас, ги издвоивме нашите модни предлози лежерни и елегантни комбинации при патување со авион, на кои веруваме ни Top Gun не би останал рамнодушен . За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/