Наташа Петровска прва жена градоначалник на Битола

Добивај вести на Viber

Наташа Петровска, првата жена градоначалник на Битола, денеска и официјално со свечена церемонија на примопредавање на функцијата, почна да раководи со општина Битола. На свеченоста во општина Битола, новоизбраниот градоначалник Наташа Петровска јавно се заблагодари за поддршката на сите кои придонесоа за нејзиниот избор за градоначалник на Битола. „Битола ќе биде транспарентна и отворена општина, услужна општина за сите. Својата енергија и ентузијазам, стручноста и искуството ќе ги вложам во мандатниот период. Посветеноста ќе биде моја одлика. Знам дека пред мене е многу работа и обврски. Подготвена сум да одговорам на сите задачи, а граѓаните тоа и ќе го видат“, истакна Петровска на свеченоста која беше приредена во овој град.