НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Кој ќе ужива во љубовта, кому ќе му се оствари долгоочекуваниот сон, а некој ќе „заглави“ во авантура!

Добивај вести на Viber

Овен Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но Марс сè уште се наоѓа во вашето поле на парите, па сè уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки. Среќен ден: Петок Бик Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот. Среќен ден: Недела Близнаци Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но, ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сè зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себеси кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска. Среќен ден: Вторник Рак Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување. Среќен ден: Среда Лав Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања. Среќен ден: Сабота Стрелец На добар пат сте некои несогласувања да ги надминете. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сè онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку напротив е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези. Среќен ден: Сабота Јарец Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание. Среќен ден: Среда Водолија Ако сте природно лесно приспособливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе. Среќен ден: Четврток Риби Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, којшто ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она коешто го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања. Среќен ден: Понеделник Девица Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор. Среќен ден: Понеделник Вага Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени. Среќен ден: Петок Скорпија Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здружување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој којшто носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат. Среќен ден: Недела