Ни ги испраа мозоците дека машката измама не е иста како женската

Добивај вести на Viber

Машките и женски измами апсолутно се исти. Го пишувам ова поради жените, оние кои еднаш или често ќе слушнат објаснување: „Ма тоа не е ништо значајно или јас само тебе те сакам“! И повторно, по милионити пат, освен што себе се стават во прв план, а нас во последен (бидејќи, не е прашање што тоа нему му значело, тукушто ми значело мене), со една лага, пеглаат друга. Прво, ако не му значело ништо, не требало ниту да се случи. Но, со столетија добиените искуства, успеаја и себе и нам да ни ги исперат мозоците дека машката измама не е толку тешка како женската. Е па мене ми е! А ако мене ме лаже, јас и се прашувам. Моја измама, ако би се дознала, веројатно би била основа за мое стрелање, а во кој случај тоа „тоа ништо не ми значи“ мене би ме довело во позиција на проститутка,
 бидејќи само тие го прават тоа без чувство. И еве не повторно на старата тема: жените кои сакаат мажи (или секс) се трговци, а мажите кои сакаат исто се херој. Зарем!? Па 21 век е! Мораме да се договориме дали се даваме или се продаваме – сите заедно.

Во љубовта секогаш има некое лудило 

 Да го дефинирам значењето на трговецот (со љубов): тоа е личност која прима парично или материјално задоволство за заслуги во давање на себеси. Во широка смисла тоа е личност која не треба да развива никави чувства како предуслов за истите. Накратко, таа личност не се врзува, само се (про)дава по норматива. Ќе го дефинираме и значењето на херојот: не, тоа не е личност од машки пол која оди во клуб и ја собира погоре опишаната личност од спротивен или ист пол, поради погоре спомнатите
 активности. За мене зборот херој има сепак малку поинакво значење. За мене херој значи да се биде малку луд. За мене да се заљубиш значи да се биде херој, бидејќи мораш малку да бидеш луд за да се заљубиш. И еве сум повторно на омилениот Nietzscheu
: „Во љубовта има некое лудило, но повторно, секогаш има и некоја смисла во лудилото.“ Навистина, мора да бидеш малку луд за да се согласиш да бидеш камиказа. Бидејќи векови во овој случај не ни биле доволни за да научиме доволно, иако уште сосем  не сме сфатиле дека во љубовта не можеш да победиш. После тие столетија изгубени битки на ова поле, единка-јас уште верувам (секој пат), еве и сега! Сега ќе се случи љубовта! Но, не оди, не можеш да се разнесеш со динамит и да останеш жив. Ти оди рака, па нога, срцето секако, очи и уши уште на почеток, и на крај си среќен што не си преживеал. Луд или херој? Сеедно. Кога погледнам од тој агол, можеби е посигурно да се остане во категоријата „трговец“. Можеби токму трговците се паметни луѓе и не дозволуваат премногу да се комотни
. Можеби токму тие треба да бидат тие кои плаќаат. Не за услуга, туку за сигурност: „Јас тргувам со љубовта, и јас нема да се заљубам. Нема да се оштетам, скршам. Колку чини час во безбедна
 зона?“. 

Емоциите ја прават разликата 

 И еве сум сега на крај…Далеку од она каде што почнав. Можеби навистина постојат „трговци“ и херои, а само емоциите ја прават разликата помеѓу едниот и другиот: имаш маж во кој си се заљубила (или жена): имаш некој од кој здивот ти забрзува, срцето ти чука како лудо, а кожата се ежи на секоја помисла на него/неа. Имаш некој на кој си му го дала срцето на милост и немилост. И таа лудост не прави херои. И потоа тој некој оди во некој клуб
,  ќе се напие како „Чускија
“ и ќе собере „некое парче“ и така ќе те измами. И каде е тука „фер плејот“? Ти одиш со динамит околу куче, далечински управувач, а далечинскиот е кај таа пијана будала … И пуф! Тако е тоа. Посакав на една картичка текст еднаш засекогаш да ја разрешам мистеријата на машка и женска измама, да го наречам едниот херој, а другиот трговец, но се сопнав за сегашната историска смисла. Нема тука што многу да се мудрува: Еднаш ќе се дадеш, а за втор пат  да се продадеш: денес си херој, утре си трговец. Погоден во секој поглед.