Хороскоп // Хороскоп
Ова се најдобрите мажи во хороскопот
Добрите особини на овие мажи ги надминуваат нивните недостатоци. Со нив животот ќе биде полн со почит, доверба и забава. Тие не се само партнери и љубовници, туку и најдобри пријатели.
Водолија
Ако барате романтичен партнер со слатка и чувствителна страна, Водолиите се создадени за вас. Тие се совршени партнери. Секогаш се свесни за вашите желби и потреби, а ќе направат сѐ што е во нивна моќ, за да бидете задоволни.
Тие се отворени, чесни и верни, без оглед на ситуацијата
Една од нивните маани е пречувствителноста и тврдоглавоста.
Сепак Водолиите имаат здрава перцепција за љубовта и ќе ви дадат доволно простор и слобода. Со нив нема да се чувствувате како да сте во замка. Тие бараат креативна, интелигентна и чесна партнерка.
Лав
Лавот е идеален партнер за храбри жени кои во животот чекорат со исправена глава. Тие се родени лидери со голема харизма. Врската со Лавовите е страсна и секогаш полна со изненадувања.
Кога ќе има конфликтни ситуации, нивната страст ја буди воинственоста. Тогаш сакаат се по нивна замисла.
Нема подарежлив Хороскоп од нив. Како партнери се нестрашливи и секогаш ќе се борат за вас. Врската со Лавовите е полна со почит, страст, верност, но и забава. Кај партнерките бараат разбирање и моќ. Мора да им парираат
Шкорпија
Мажите Шкорпии се силни. Може да им се препуштите без сомнежи. Тој има очи само за вас, до крај на животот ќе ве сака, не само како жена, туку и како најдобар пријател.
Секогаш ќе ве дочека со раширени раце, а вашите тајни ќе ги чува до последен здив. Нечесноста за нив е смртен грев.
Им треба подолг период да се заљубат. Но, во врската се посветени и верни. Тие се најсензибилниот Хороскоп. Врската со нив е полна со страст и љубов.